Свет
Истече жива во Метеоролошкиот институт во Анкара, 11 луѓе се во болница

Единаесет лица завршија во болница кога истече жива во Метеоролошкиот институт во Анкара.
Како што јавуваат медиумите, реонот околу Институтот е блокиран, а на местото на несреќата има возила на брзата помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
СЗО: Болниците во Појасот Газа се на работ на колапс

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) денес предупреди за голема офанзива на израелската армија во северниот дел од Појасот Газа, наведувајќи дека болниците се „на работ на колапс“.
„Ранетите и инвалидите не можат да стигнат до безбедно место, што ги става нивните животи во сериозна опасност“, напиша Тедрос Аданом Гебрејесус на платформата X.
Според него, болниците, веќе преоптоварени, се на работ на колапс бидејќи ескалацијата на насилството го блокира пристапот и ја спречува СЗО да испорача витални залихи.
Фото: принтскрин
Европа
Рекордна суша во Европа и медитеранските земји во август

Европа и медитеранските земји беа погодени од рекордна суша во август, која зафати повеќе од половина од земјиштето, според анализата на АФП на податоците од Европската Унија.
Минатиот месец, 53 проценти од регионот беа погодени од суша, рекорд од почетокот на мерењата во 2012 година, според програмата на ЕУ за климатски промени „Коперникус“.
Бројката е далеку над просекот за август во периодот од 2012 до 2024 година, кој изнесува 30,1 процент.
Источна Европа и Балканот беа силно погодени. Илјадници жители беа евакуирани, а две лица загинаа поради шумски пожари во балканските земји поттикнати од високите температури.
Ситуацијата беше катастрофална и во Западна Европа, при што Португалија забележа намалување на дождовите во 70 проценти од земјата.
Франција, која во август беше погодена од вториот топлотен бран во летото, се соочи со недостиг на вода во две третини од земјата.
Особено тешка ситуација ги зафати неколку земји во Источниот Медитеран, каде што над 90 проценти од Ерменија, Грузија и Либан беа погодени од суша.
Турција, која страдаше од недостиг на вода во 84 проценти од својата територија, се соочи и со бројни пожари.
Коперникус, кој собира податоци од милијарди мерења од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици, регистрираше неуморно зголемување на температурите додека планетата се затоплува поради емисиите на стакленички гасови, за кои е одговорно човештвото.
фото: принтскрин
Регион
Црв од шест сантиметри отстранет од очниот капак на пациент во БиХ

Црв од шест сантиметри е отстранет од постар пациент, а фотографијата ја објави познат доктор од Бања Лука, Бојан Козомара.
„Вака изгледа црв штотуку отстранет од очниот капак на постар пациент. Постапката ја изврши мојата драга колешка Тамара“, напиша тој на X.
Ovako izgleda crv upravo odstranjen iz kapka pacijenta starije životne dobi.
Zahvat izvršila moia draga kolegica Tamara… pic.twitter.com/6EK3CrhCE3
— Bojan Kozomara (@KozomaraBojan) September 17, 2025
Според него, црвот најверојатно потекнува од куче.
„Ќе го помилувате кучето кое има јајца од глисти, а потоа ќе се фатите за окото“, напиша тој во коментар објаснувајќи ја ситуацијата, објавува „Nezavisne.com“.
Фото: принтскрин