Свет
Италијанскиoт министер: Италија мора да се врати на нуклеарната енергија
Италија мора повторно да се сврти кон нуклеарната енергија и да изгради нова нуклеарна централа до 2032 година, изјави министерот за инфраструктура, Матео Салвини.
Лидерот на Лега, член на владејачката коалиција, исто така предложи локација, предлагајќи новата нуклеарна централа да биде изградена во Милано. За враќање на нуклеарната енергија се залага и водечката партија во коалицијата „Браќа на Италија“, премиерката Џорџа Мелони.
Италија ја напушти нуклеарната енергија по катастрофата во Чернобил во 1986 година и го затвори последниот реактор четири години подоцна. Последователно, тие почнаа повторно да размислуваат за вклучување на нуклеарни централи, но плановите беа замрзнати по катастрофата во јапонската Фукушима во 2011 година.
Повеќе од 94 отсто од Италијанците на референдум гласаа против враќањето на нуклеарната енергија.
Изградбата на нуклеарни централи во Европа се смета за многу скап и долгорочен процес, а градителите често ги пробиваат роковите, забележува агенцијата „ДПА“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

