Контакт

РЕ-Џет сет

Италија воведува строги правила за инфлуенсерите: „Ова е крајот на Дивиот Запад“

Објавено пред

Италијанските инфлуенсери и другите создавачи на содржини на социјалните мрежи набргу би можеле да бидат обврзани со истите правила како и традиционалните медиуми кога објавуваат содржина на интернет. Активностите на инфлуенсерот ќе ги следи Италијанската агенција за комуникации, пренесува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Правилата првично ќе важат за инфлуенсери со повеќе од милион следбеници.

„Дивиот Запад на инфлуенсерите заврши“, рече шефот на агенцијата, Џакомо Ласорела.

„Почнуваме со големите, но и другите ќе мора да се приспособат“, изјави тој за весникот „Ла Република“.

Истакнатите инфлуенсери ќе се соочат со високи казни доколку не успеат јасно да ги означат соработките со брендови или да ги откријат своите комерцијални интереси. Предложените упатства исто така имаат цел да ги заштитат децата со нов сет регулативи, кои вклучуваат строги казни за влијателите што не ги рекламираат правилно соработките на нивните брендови и сопствените комерцијални интереси, и тоа со казни до 250.000 евра.

АГЦОМ во соопштението наведе дека нејзините мерки ќе се однесуваат на „комерцијалната комуникација и заштитата на основните права на луѓето, малолетниците и спортските вредности“. Во случај на пласман на производи „инфлуенсерите се должни да вметнат предупредување за рекламниот карактер на содржината“, се наведува во соопштението за медиумите.

Многумина гледаат на одлуката на АГЦОМ како поврзана со неодамнешниот скандал со големата италијанска инфлуенсерка Кјара Ферањи, што Ласорела го негира.

Во декември, Ферањи, која има речиси 30 милиони следбеници на „Инстаграм“, беше казнета со 1.075 милиони евра поради тврдењето дека продажбата на „дизајнерска“ розова божиќна торта ќе помогне во финансирањето на детската болница во Торино. Во реалноста производителот на тортата ги дал парите во болницата неколку месеци пред објавата.

Во изјавата објавена до нејзините следбеници таа рече дека направила „грешка со добра волја… со поврзување на комерцијална активност со добротворна активност“. Минатата недела италијанската полиција објави дека против Ферањи ќе биде поведена официјална истрага за измама во врска со случајот со божиќната торта.

Минатата година во другите европски земји беа воведени построги правила за инфлуенсерите.

Во јуни Франција донесе закон според кој инфлуенсерите би можеле да се соочат со затворска казна доколку се открие дека ги прекршиле новите регулативи за рекламирање. Тоа беше првпат работата на инфлуенсер да биде законски дефинирана во Европа.

Во октомври Европската комисија објави дека ќе го зголеми надзорот врз деловните практики и активностите на влијателите наведувајќи дека креаторите на дигитални содржини ќе мора „да ги следат фер комерцијалните практики, а нивните следбеници имаат право на транспарентни и веродостојни информации“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Шарм, скандали и молк за вистинските жртви во документарецот за Чарли Шин

Објавено пред

Новата двоепизодна документарна серија „Поранешниот Чарли Шин“ (AKA Charlie Sheen) не открива многу ново за актерот, чие бурно минато е веќе детаљно документирано, објави британски „Гардијан“. Од забави, преку забави со проблеми, до само проблеми – така самиот ги дели фазите од својот живот објаснувајќи дека медиумите веќе ги имаат покриено сите скандали: зависности, јавни хоспитализации, разводи, па дури и откривањето на неговиот ХИВ-статус.

dobivaj vesti na viber

Иако неговиот татко Мартин Шин и братот Емилио Естевез одбиле да учествуваат, други членови од семејството – вклучувајќи ги неговите деца и поранешните сопруги – зборуваат отворено, но со љубов. Шин, кој е седум години трезен, изгледа шармантно и благодарно, но документарецот внимателно ги избегнува најтешките теми: обвинувањата за семејно насилство, судските наредби и тврдењата дека ги изложувал партнерките на ризик.

Критиките за површноста на „Поранешниот Чарли Шин“ доаѓаат од новинарски кругови, особено од рецензијата на „Гардијан“, каде што се истакнува дека режисерот Ендру Рензи му дал „нежна и контролирана платформа“ на Шин оставајќи ги најтешките обвинувања речиси недопрени. Иако Шин искрено им оддава почит на семејството и на пријателите, недостига вистинско каење или разбирање за болката што им ја нанел.

Најсилните моменти доаѓаат од луѓе што биле директно погодени – како Хајди Флајс, која сè уште гневно зборува за неговото сведочење против неа, и Џон Крајер, колегата од „Два и пол мажи“, кој отворено зборува за циклусот на хаос што Шин го предизвикувал на снимањата.

Прикажи повеќе...

Забава

Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила на Кан

Објавено пред

Организторите на Канскиот филмски фестивал годинава воведоа строги кодекси на облекување до кои славните мора да се придржуваат.

dobivaj vesti na viber

Забрането е носење фустани со голем волумен, фустан што се влече по земја зад грбот, како и  разголени фустани за да се обезбеди поголема пристојност.

Кинеската актерка Ван Ќенхуи ги прекрши правилата со излегувањето на црвениот тепих, но актерката Хали Бери не препушти ништо на случајноста и откри дека поради новите правила во последен момент се одлучила за поинаков фустан.

„Имав одличен фустан за вечерва, но не можев да го облечам бидејќи задниот шлеп е преголем. Морав да го сменам. Но делот за голотија е веројатно добро правило”, рече таа на прес-конференцијата.

58-годишната Бери оваа година е член на жирито на фестивалот, а за разлика од неодамнешното предизвикувачко издание со кое го привлече вниманието, таа во Кан се појави во долг фустан со црно-бели риги, а со тоа ги избегна строгите казни кои ги најавија организаторите.

„Целта не е нужно да се регулира облеката, туку да се забрани целосната голотија на црвениот тепих, во согласност со институционалната рамка на настанот и француските закони“, велат организаторите.

„Фестивалот го задржува правото да го оневозможи пристапот на лица чија облека може да го попречи движењето на другите гости или да го отежне распоредот на седење во салите за прикажување“, додаваат тие.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) „Уништен сум, сакам помирување со семејството“ – Принцот Хари откако го загуби спорот

Објавено пред

Принцот Хари вели дека сака помирување со остатокот од кралското семејство, во емотивно интервју, во кое рече дека е уништен што ја изгубил правната битка за неговата безбедност во Обединетото Кралство.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Би-Би-Си“, тој изјави дека моментално не е во контакт со својот татко, британскиот крал Чарлс Трети.

Принцoт рече дека кралот не сака да разговара со него поради безбедносното прашање, но оти тој не сака повеќе да се бори и не знае уште колку долго ќе живее неговиот татко.

Принцот Хари зборуваше за Би-Би-Си откако го загуби случајот за нивото на обезбедување на кое тој и неговото семејство имаат право додека се во Обединетото Кралство.

„Имав многу несогласувања со некои членови од моето семејство, но им простив“, рече тој.

Принцот сакаше да ги промени правилата за неговата безбедност кога ќе дојде во Велика Британија, кои беа воведени кога тој се повлече од кралското семејство и се пресели во Соединетите држави.

Рече дека се чувствува изневерено и го опиша судскиот пораз како „старомоден установен план“ и го обвини Кралското домаќинство за влијание врз одлуката за намалување на неговата безбедност.

На прашањето дали побарал од неговиот татко да интервенира во безбедносниот спор, принцот Хари рече: „Никогаш не барав од него да интервенира – го замолив да се тргне од патот и да ги остави експертите да си ја завршат работата“.

Поразот на суд и тоа што безбедносното прашање за него и неговото семејство нема да се промени значи дека во моментов не може да го донесе семејството во Велика Британија, изјави тој за Би-Би-Си.

„Во овој момент не можам да замислам да ги донесам сопругата и децата во Велика Британија“, вели принцот Хари.

За одлуката рече: „Се чувствувам уништен – не толку од губитокот колку од луѓето кои ја донесоа одлуката, кои сметаат дека ова е во ред. Дали ова е победа за нив?“

Тој продолжи: „Сигурно има некои луѓе таму, веројатно најмногу оние кои ми посакуваат штета, кои ја сметаат оваа одлука за голема победа.“

Принцот Хари рече дека одлуката да му се одземе безбедноста има влијание на него секој ден, и го оставила во ситуација каде што може безбедно да се врати во Велика Британија само ако биде поканет од Кралското семејство – бидејќи во тие околности ќе добие доволно обезбедување.

Тој рече дека промените во неговиот безбедносен статус во 2020 година не влијаеле само на него, туку и на неговата жена, а подоцна и на неговите деца.

Продолжи: „Сите знаеја дека не ставаат во ризик нас во 2020 година и се надеваа дека знаењето на тој ризик ќе не’ натера да се вратиме.“

„Но кога сфаќаш дека тоа не функционира, дали не сакаш да не’ чуваш безбедни?“

„Без разлика дали си влада, Кралско домаќинство, дали си мој татко, моето семејство – без разлика на сите наши разлики, дали не сакаш да се осигураш за нашата безбедност?“, рече принцот.

Кога беше прашан дали му недостига Велика Британија, тој додаде: „Го сакам мојот дом, секогаш сум го сакал, без оглед на тоа што некои луѓе во таа земја го направиле… и мислам дека е навистина трагично што нема да можам да им ја покажам мојата татковина на моите деца.“

Принцот Хари рече дека нема да бара понатамошен правен предизвик, изјавувајќи дека петочната пресуда „докажала дека не постои начин да се победи преку судовите“.

„Сакам некој да ми го кажеше тоа предходно,“ рече тој, додавајќи дека пресудата била „изненадување“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет1 час

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт11 часа

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет15 часа

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет15 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија18 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија18 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија21 час

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија22 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет22 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ22 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа1 ден

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет1 ден

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет1 ден

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет1 ден

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет2 дена

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија2 дена

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија2 дена

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија2 дена

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...