Свет
Италија го предложи Џентилони за комесар во Европската комисија

Новата влада на Италија го предложила Паоло Џентилони, поранешниот премиер од Демократската парија, за следен италијански комесар во Европската комисија, пренесува „Спутник“.
Џентилони беше премиер на Италија од 2016 до 2018 година и неговото именување се смета како гаранција за добри односи со Брисел по повеќемесечната напнатост.
Новата италијанска коалиција на антиестаблишментското Движење Пет ѕвезди и Демократската партија денес положи заклетва.
Италија беше единствената членка на ЕУ што немаше предложено кандидат за ЕК. Со овој потег се демантирани шпекулациите и прогнозите дека на тоа место би можеле да дојдат актуелната шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини, или Марио Драги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Израел порано имаше најсилно лоби, што се случи?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Израел повеќе нема силно лоби во американскиот Конгрес што го имаше порано, оценувајќи дека ова е значајна промена на политичката сцена.
Во интервју за „Дејли Колер“, Трамп потсети дека пред две децении израелското лоби било „најсилното што некогаш го видел“, но дека денес нема такво влијание.
„Израел беше најсилно. Денес повеќе нема толку силно лоби. Неверојатно“, рече тој, додавајќи дека одредени прогресивни конгресмени, како што е Александра Окасио-Кортез, придонеле за промена на јавниот дискурс за американската поддршка за Израел.
Трамп истакна дека дури и во рамките на републиканското движење „Америка на прво место“ скептицизмот кон продолжувањето на воената помош за Израел расте. Ова го потврдуваат податоците од Универзитетот Квинипиак: 60 проценти од американските гласачи се против испраќање дополнителна воена помош, додека половина од испитаниците, вклучувајќи 77 проценти од демократите, веруваат дека Израел врши геноцид во Газа.
Од почетокот на израелската кампања во октомври 2023 година, повеќе од 63.000 Палестинци загинаа во Газа, а енклавата е опустошена и се соочува со глад. Во исто време, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства, додека Меѓународниот суд на правдата постапува по обвиненијата за геноцид.
Фото: принтскрин
Свет
САД: Маж пукал во дете затоа што му ѕвонел на интерфонот

Трагичен инцидент го потресе Хјустон, Тексас, каде што 11-годишно момче беше убиено во саботата откако тој и неговите пријатели учествуваа во навидум безопасна игра,заѕвони на ѕвонче и бегај, објавува The Guardian.
Според соопштението на локалните власти, момчето било застрелано повеќе пати додека бегало од дворот на куќа во населбата Истсајд. Полициската управа во Хјустон сè уште не го објавила идентитетот на жртвата или на осомничениот станар, но потврдила дека е уапсен маж на средна возраст и дека при претресот на неговиот дом се пронајдени неколку огнени оружја.
Момчињата играле популарна игра позната како „динг-донг“, што вклучува ѕвонење на ѕвончето и брзо бегање. Еден сведок го видел момчето како ѕвони на ѕвончето и бега од имотот непосредно пред да се слушнат истрелите.
„Сведок пријавил дека момчето бегало од куќата откако ѕвонело на ѕвончето кратко пред да биде застрелано“, се вели во полициското соопштение.
Соседите им кажаа на локалните медиуми дека виделе полиција како го придружува мажот со лисици назад до домот каде што се случила пукотницата. Детективот за убиства Мајкл Кас потврди за соработникот на CBS News, KHOU, дека сведокот видел некој да излегува од куќата и „да пука во децата што трчале по улицата“.
„За жал, едно од момчињата, кое имало 11 години, било застрелано во грб“, додаде Кас.
Ова не е прв пат шега да заврши со трагедија. Минатата година, маж од Калифорнија беше осуден за убиство откако намерно со автомобилот удрил во шест тинејџери кои му ѕвонеле на вратата, убивајќи тројца од нив, пренесува медиумот.
Исто така, во мај оваа година, маж од Вирџинија беше обвинет за убиство од втор степен затоа што пукал во тинејџер кој снимал видео на „Tик-ток“ додека го изведувал истиот предизвик на неговиот праг во 3 часот наутро.
Фото: принтскрин
Свет
Песков: Се разгледува можност за средба меѓу Путин и Ким во Пекинг

Руските и севернокорејските делегации ќе ја разгледаат можноста за средба меѓу шефовите на двете држави дури откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе пристигне во Пекинг денес во текот на денот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Факт е дека Ким Џонг-ун ќе пристигне во Пекинг дури вечерва. А по неговото пристигнување, веќе ќе има можност директно да се разговара за средба на лидерот со делегацијата, земајќи ги предвид распоредите“, рече тој.
Претходно, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека се разгледува можноста за средба меѓу Путин и Ким Џонг-ун, пренесува ТАС. Утре, Путин и Ким ќе присуствуваат на парадата по повод Денот на победата во Втората светска војна во Пекинг.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун патува во Пекинг со специјален оклопен воз за да присуствува на парадата по повод предавањето на Јапонија во Втората светска војна, пренесува Танјуг.
Според проценките, патувањето на Ким од Северна Кореја до Пекинг ќе трае од 20 до 24 часа.
Претстојната парада ќе биде првпат Ким да присуствува на мултилатерален дипломатски настан. Дедото на Ким и основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг, присуствувал на воена парада во Пекинг во 1959 година.
Фото: принтскрин