Свет
„Кажете ни дали имате нуклеарно оружје?“ – Ердоган го нарече Израел терористичка држава

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече Израел терористичка држава.
„Израел ја тероризира Газа. Израел е терористичка држава“, рече Ердоган во обраќањето пред турските парламентарци.
Тој го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да каже дали Израел има нуклеарно оружје, но изјави и дека „неговиот крај се ближи“.
„Нетанјаху треба да се појави пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг за геноцид во Појасот Газа“, додаде Ердоган.
Тој рече дека Хамас е политичка партија избрана од Палестинците.
Ердоган нагласи дека Турција ќе работи на меѓународната сцена за да се погрижи израелските доселеници да бидат признати како терористи.
Турција ги повлече дипломатите од Израел по одговорот на Израел на нападот на Хамас на 7 октомври.
Израел никогаш јавно не обелодени дали има нуклеарно оружје, иако претходно во војната против Хамас помлад министер во владата на Нетанјаху рече дека фрлањето нуклеарно оружје врз Појасот Газа е опција.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, в среда престојуваше во Каиро, каде што ќе се состане со својот египетски колега Абдел Гафар на разговори во врска со снабдувањето со помош за Газа и трансферот на некои пациенти во Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Кошта: Потребни се нов импулс во проширувањето на ЕУ, доследност и доверба

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, синоќа организираше неформална вечера за учесниците на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана од Западен Балкан, пред која најави дека има нов моментум во проширувањето на Европската Унија.
Во објава на мрежата X, Кошта нагласи дека понатамошните напори за напредок кон пристапување мора да бидат водени од основни принципи: доследност и доверба. „Доследност од ЕУ во одржувањето на проширувањето на врвот на нејзината политичка агенда. И доследност од партнерите во усогласувањето со нашите вредности и спроведувањето на реформите.“
Доверба, ова може да се изгради само преку отворен дијалог. Внатрешно, меѓу партнерите во регионот и со институциите на ЕУ и земјите-членки“, напиша Кошта.
Меѓу лидерите кои учествуваа на неформалната вечера што ја приреди Кошта со претставници на Европската унија, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, беше и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Шестиот самит на Европската политичка унија (ЕПУ) во Тирана ќе ги собере лидерите од цела Европа – 27 членки на ЕУ и 20 земји кои не се членки.
Ова ќе биде првпат земја од Западен Балкан да биде домаќин на Самитот, а темата на состанокот е „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“.
Во соопштение објавено на веб-страницата на Самитот во Тирана, се оценува дека одржувањето на самитот во Западен Балкан означува не само симболично признавање на местото на Југоисточна Европа во европската политика, туку и стратешка инвестиција во улогата на регионот во обликувањето на иднината на континентот, пренесува Танјуг.
Европа
Експлозии во Киев

Експлозии се слушнале во Киев за време на рускиот напад со беспилотни летала врз главниот град во раните утрински часови денес.
„Експлозии во главниот град. Противвоздушната одбрана работи. Останете во засолништа!“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во 5:38 часот наутро по локално време.
Свет
Ле Пен: Ја споделувам целта на Израел за искоренување на Хамас, имаме заеднички непријател

Француската екстремна десница Марин Ле Пен изјави дека Израел прави сè што може во исклучително тешката ситуација и дека ја дели целта на Тел Авив за искоренување на Хамас.
Таа ги осуди изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека односите меѓу ЕУ и Израел треба да се преиспитаат, како и дека постапките на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Појасот Газа се „неприфатливи“.
– Оваа изјава е срамна, но не ме изненадува, тој продолжува да ги множи критиките кон Израел бидејќи во реалноста не е во можност да понуди решение за борбата против исламскиот фундаментализам, рече Ле Пен.
„Тоа е терористичко движење кое се крие меѓу цивилите, се крие во болниците и училиштата, го користи цивилното население како човечки штитови, а кога се соочува со демонстрации од противниците на неговата политика, со задоволство ги масакрира“, заклучи Ле Пен, додавајќи дека ќе оди во Израел кога Нетанјаху ќе ја покани.