Свет
Камала Харис заостанува во четири клучни окрузи во Џорџија
Камала Харис заостанува во четири големи окрузи во Атланта, Џорџија, објави Ен-би-си Њуз. Овие области – Фултон, Гвинет, Коб и Декалб – имаат најголемо население и се таму каде што демократите добиваат најголем дел од своите гласови.
Харис заостанува меѓу еден и два процентни поени во сите четири области, со 93 отсто пребројани гласови во тие области досега.
Водството на Трамп во целата држава Џорџија моментално е околу 120.000 гласови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп и се обраќа на јавноста: Напишавме историја
Доналд Трамп и се обраќа на јавноста.
„Ние направивме историја. Ќе ја излечиме нашата земја. Јасно е дека имавме неверојатен политички успех“, рече Трамп.
Свет
Маск: Иднината ќе биде фантастична
Според сегашните резултати од претседателските избори во САД, Доналд Трамп има 265 електори.
Фокс Њуз наведува дека според нивните проекции, Доналд Трамп ќе биде 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави.
The future is gonna be fantastic pic.twitter.com/I46tFsHxs3
— Elon Musk (@elonmusk) November 6, 2024
„Иднината ќе биде фантастична“, напиша мултимилијардерот Илон Маск на Икс.
Свет
Трамп пред победа, освои 265 електорски гласови
Доналд Трамп ја освои Пенсилванија, таа носи 19 електорски гласови. Тој има 265 електорски гласови во однос на Камала Харис која освои 194 електори.