Свет
Канибалите од Јужна Африка осудени на доживотен затвор
Нино Мбата и Лунгисани Магубане оф Јужна Африка, кои минатата година признаа дека јаделе луѓе, во средата беа осудени на доживотен затвор.
Судијата Питер Олсен им изрече казна затвор на двајцата мажи за убиство на Занеле Лашвајо, велејќи дека тие се виновни за извршување на најгрозоморно криминално дело.
Бидејќи во Африка не постои директен закон против канибализам, на Мбата и Магубане им се судеше за убиство и поседување човечко ткиво.
Во обвинението се наведува дека Магубане му пристапил на Мбата, кој инаку се занимава со традиционална јужноафриканска медицина, барајќи од него да му помогне да се стекне со среќа и богатство. Мбата му предложил да најде жена или дете бидејќи предците тврделе дека за таа цел мора да се пролее крв.
Според обвинителите, 25-годишната Лашвајо била убиена од страна на Мбата со помош на Магубане, а нејзиното тело било распарчено и искористено за традиционална медицина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

