Свет
Квебек изгласа контроверзна забрана за верските симболи
Пратениците во канадската провинција Квебек го усвоија законот со кој им се забранува на вработените во јавните служби да носат верски симболи. Критичарите и залагачите гледаат на тоа како на обид франкофонскиот регион да го зачува својот идентитет, пренесува РТ.
Законот 21 беше усвоен со 73-35 гласа во националното собрание во неделата. Со него им се забранува на државните службеници на позиции на авторитет – како што се наставниците, полицијата и владините адвокати – да носат верски симболи. Ова ги вклучува, на пример, христијанските распетија, муслиманските шамии, турбаните кај Сиките и еврејските кипи.
Муслиманките што носат бурка ќе бидат директно засегнати од одредбата која бара државните службеници да ги откриваат лицата заради безбедност или потврдување на идентитетот.
Пратениците исто така го одобрија Законот 9, кој наметнува нови тестови за француски јазик и вредности за идните имигранти за да го заштитат идентитетот на Квебек.
„Видете, ние можеме да зборуваме за семантика цел ден. И ние и вие знаеме за што станува збор тука“, изјави пратеникот и медиумски аналитичар Лајонел сугерирајќи дека навидум секуларниот статут е како гласник за антиимигрантските чувства.
Антонио Росини, професор на Универзитетот „Виндзор“ во соседниот град Онтарио, верува дека постои мешавина од обид да се зачува уникатноста на таа провинција и обид да се посочи на одредена имиграциска ситуација.
„Се сомневам дека ова би се појавило во поинаков историски контекст“, вели тој.
Росини смета дека многу Канаѓани носат верски симболи не како прикажување на својата вера, туку како изјава за нивниот идентитет и потекло. Во Канада ваквата мерка изгледа несоодветна.
Коментаторот Гевин Мекинес посочи дека Квебек е многу поинаков од остатокот од Канада: провинцијата има јазична политика, која го наметнува приматот на францускиот јазик, а нејзините жители – главно потомци на француски колонисти од раните децении на 1600 година – совршено ја зачувале својата земја во килибар како некое праисториско вилино коњче.
Тој не се согласува со забраната за турбаните на Сиките и ја нарече забраната на еврејските кипи апсурдна, но се согласи со забраната за бурката како нешто несоодветно со западната култура.
„Ако продолжите да го создавате овој меур, на крајот ќе личите на фашисти. Идејата за забрана на верските симболи изгледа фашистичка и тиранска, но Квебек би можел да се обиде да ја уништи политиката на идентитетот – освен сопствениот – уште во зародокот“, вели Мекинес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

