Свет
Ким Џонг-ун го надгледуваше лансирањето на новата ракета на Северна Кореја
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето стратешки ракети, објави денеска државната новинска агенција КСНА, а Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави ги почнаа годишните воени вежби, кои Пјонгјанг ги гледа како проба за војна.
Ким ја посети флотата стационирана на источниот брег за да го надгледува тестот на воен брод, соопшти КСНА.
„Лансирањето имаше цел да ги потврди борбената функција на бродот и карактеристиките на неговиот ракетен систем, истовремено подобрувајќи ја способноста на морнарите да извршат нападна мисија во вистинска војна“, соопшти агенцијата. Тие исто така соопштија дека ракетата на бродот ја погодила целта.
Лансирањето на ракетата следува по летните воени вежби на Јужна Кореја и САД, дизајнирани да ги подобрат нивните заеднички одговори на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.
Пјонгјанг ги осуди воените вежби на сојузниците како проба за нуклеарна војна.
Војската на Јужна Кореја соопшти дека годинешните вежби ќе се одржат во најголем обем досега, во кој ќе учествуваат десетици илјади војници од двете страни, како и некои земји членки на Командата на ОН.
Во текот на изминатите две години Северна Кореја ги тестира, како што ги нарекува, „стратешките крстосувачки ракети“, за кои некои аналитичари велат дека може да бидат наметнати со нуклеарни бојни глави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Среќен Божиќ на сите, дури и на лошите радикални левичари
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа им посака среќен Божиќ на сите, вклучувајќи ги и радикалните левичари, алудирајќи на своите демократски противници.
„Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи го и радикалниот левичарски олош кој прави сè што може за да ја уништи нашата држава, но во тоа целосно потфрла“, порача републиканскиот претседател, по што ги наброја успесите на својот мандат.
„Повторно нè почитуваат, можеби како никогаш досега. Боже, благослови ја Америка!!!“, додаде Трамп.
Во категоријата „радикална левица“, со својот остар стил, Трамп често ги вклучува сите демократи и политички противници. Тој божиќните празници ги поминува во својата резиденција на Флорида.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Русија: Два нафтени резервоари во пламен по украински напад со дрон
Два резервоари за складирање нафта се запалиле во руското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај, по украински напад со дрон, соопшти денеска регионалниот штаб за вонредни состојби.
Пожарот зафатил површина од околу 2.000 квадратни метри, пренесува Интерфакс.
Во гаснењето учествувале 70 лица, меѓу кои и припадници на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Русија за Краснодарскиот крај.
Footage published by Exilenova shows drone strikes on a tanker and port infrastructure at the Taman marine terminal in Krasnodar Krai, Russia, during the night of December 21–22. https://t.co/WCi3GJeTB9 pic.twitter.com/meWR47N3C2
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) December 24, 2025
Според првичните информации, нема жртви, додаде оперативниот штаб.
Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили во текот на ноќта собориле 141 украински дрон над руската територија.
„Од 23:00 часот по московско време на 24 декември до 7:00 часот по московско време на 25 декември, системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 141 украинско беспилотно летало со фиксни крила“, се наведува во соопштението, кое го пренесува РИА Новости.
Како што се наведува, 62 дрона биле уништени во Брјанската област, 12 во Тулската, 11 во Калушката, а девет во Московската област.
Дополнително, осум дрона биле соборени во Адигеја, седум во Краснодарскиот крај, по шест на Крим и во Ростовската област, по пет во Белгородската и Воронешката област, како и над Азовското Море.
Четири дрона биле уништени во Курската област, а еден во Волгоградската област, соопшти министерството.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Трамп и Нетанјаху со пилотски очила во ВИ-снимка: „Победнички круг“
Во објава на Инстаграм, со која очигледно се одбележуваат шест месеци од израелскиот конфликт со Иран, прес-службата на премиерот Бенјамин Нетанјаху сподели вештачки генерирано видео на бомбардер Б-2 кој прелетува над мрежа од згради во неидентификувана пустинска област.
Во видеото, кое трае само неколку секунди, премиерот на Израел и претседателот на САД Доналд Трамп носат пилотски очила за сонце и накратко се погледнуваат.
A message to Iran: Netanyahu’s office shared an AI video showing him and U.S. President Donald Trump flying a B-2 bomber together. pic.twitter.com/rM05YsHs4J
— Open Source Intel (@Osint613) December 24, 2025
„На нашиот победнички круг. #sixmonths“, стои во описот на објавата.
Израел соопшти дека неговата сеопфатна офанзива во јуни, насочена кон највисоките ирански воени команданти, нуклеарни научници, постројки за збогатување ураниум и програмата за балистички ракети, била неопходна со цел да се спречи, како што наведуваат, иранскиот план за уништување на еврејската држава.
Иран доследно негира дека тежнее кон развој на нуклеарно оружје.
Како одговор на израелските напади, Иран истрелал кон Израел повеќе од 500 балистички ракети и околу 1.100 дронови.
Кон самиот крај на војната, Соединетите Американски Држави им се приклучија на нападите врз иранските нуклеарни постројки.
Фото: Depositphotos

