Свет
Кина воведе санкции за „Хјуманс рајт воч“, НДИ и „Фридом хаус“
Кина го суспендираше разгледувањето на барањето на САД за посета на Хонгконг од страна на американските воени бродови и авиони и истовремено воведе санкции за неколку американски невладини организации, вклучувајќи ги „Хјуманс рајт воч“, НДИ и „Фридом хаус“, изјави портпаролката на кинеското МНР, Хуа Чунјинг, пренесува ТАСС.
Овие мерки претставуваат одговор на Законот за Хонгконг што го усвои Вашингтон.
„Кога ќе се заврши ова, зависи од понатамошните чекори на САД. Ги повикуваме САД да ги исправат грешките и да престанат да мешаат во нашите внатрешни работи. Кина ќе ги преземе сите неопходни чекори во зависност од тоа како се развива ситуацијата за да се заштити стабилноста и просперитетот на Хонгконг, како и суверенитетот, безбедноста и развојот на земјата“, нагласи Чунјинг.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша два закона за Хонгконг – за заштита на човековите права и демократијата, како и за забрана за испорачувања полициска опрема во Хонгконг.
Актот за човекови права и демократија во Хонгконг, потпишан од Трамп, предвидува администрацијата на САД да спроведува годишни ревизии на состојбата во Хонгконг за да се осигура дека договорот за „една земја, два система“ е запазен и ќе воведе санкции за кинеските функционери кои според Вашингтон се одговорни за кршење на човековите права во административниот регион.
Со овој документ се менува Законот за политиката на САД кон Хонгконг од 1992 година и се предлага годишно ревидирање на трговските односи со овој регион во зависност од степенот на негова автономија.
Од почетокот на јуни во Хонгконг се одржуваат масовни протести предизвикани од разгледувањето на нацрт-законот за екстрадиција. На крајот властите направија отстапки и на почетокот на октомври овој документ беше повлечен.
Без оглед на тоа, нередите не престанаа – станаа помалубројни, но понасилни. За само шест месеци во Хонгконг се одржани повеќе од 900 демонстрации и маршеви, а приведени се речиси 6.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко
Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.
„Нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија веќе втор ден“, рече Зеленски.
Украинската војска претходно соопшти дека руските сили се задржани во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија објави дека зазела пет локални населби.
Ситуацијата, рече Зеленски, е особено напната во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровское, кај селата Семенивка и Нетаилова.
Зеленски додаде дека попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден.
Свет
Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш не ја исклучи можноста за интервенција на француската армија во Украина, но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да испраќа свои војници во војна.
Како што пренесува „Украинска правда“, Емануел Макрон рече дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина, но тој најискрено се надева дека нема да мора да се борат.
„Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа треба да се вооружиме и затоа треба да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата безбедност, тогаш јас не исклучувам интервенци во конфликтот“, рече Макрон.
Тој нагласи дека украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет се под закана, но истовремено владеењето на правото и општите правила се под закана.
„И ако оставиме сè како што е во Украина, тогаш ќе победи правото на посилниот. И не можеме да бидеме сигурни бидејќи тоа се случува на 1.500 километри. Значи, во Украина нашата иднина и нашата безбедност се во прашање“, заклучи францускиот претседател.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.