Свет
Кина затвори град на границата со Мјанмар поради 6 случаи на коронавирус
Кинеските власти воведоа мерка за целосно затворање во градот Руили, на границата со Мјанмар, кога во него беа потврдени шест случаи на зараза со коронавирус, што е првиот нов кластер во последните два месеца.
Регистрирани се три асимптоматски случаи во овој град со 210.000 жители, објавија здравствените власти на провинцијата Јунан.
Руили ќе ги тестира сите свои жители на вирусот и сите ќе поминат седум дена во домашен карантин, се наведува во соопштението.
Во текот на претходниот ден Кина регистрира вкупно 11 нови случаи на зараза, а пред два дена имаше осум.
Бројот на нови асимптоматски случаи за еден ден се зголеми од шест на осум. Кина не ги класифицира овие случаи како потврдени. Вкупниот број потврдени случаи на инфекција со коронавирус во Кина е 90.201, а бројот на смртни случаи сѐ уште е 4.636.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж од Аризона е уапсен бидејќи повикувал на убиство на Трамп и неговото семејство
Маж од Аризона е уапсен откако наводно објавил видеа на Интернет во кои повикува на атентат на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговото семејство, соопштија властите.
Мануел Тамаџо-Торес е обвинет дека објавува видеа речиси секојдневно во кои ги обвинува Трамп и членовите на неговото семејство за киднапирање и трговија со деца, според документите поднесени во федералниот суд во Аризона, пишува NBC News.
Иако не е конкретно именуван во документите, Трамп е означен како „Лице 1“ – поранешниот претседател и новоизбраниот претседател.
Тамаџо-Торес беше уапсен во Јужна Калифорнија.
Неговиот адвокат не одговори веднаш на барањето за коментар.
Тој е обвинет за кривично дело закана кон новоизбраниот претседател и четири кривични дела давање лажни податоци при набавка на огнено оружје.
Во 2003 година, Тамаџо-Торес беше осуден за тежок напад и осуден на пет години затвор во Калифорнија, пишува медиумот.
Свет
(Видео) Снежното невреме направи хаос во Јужна Кореја: има загинати, училиштата затворени, летовите откажани
Најмалку четири лица загинаа во снежното невреме што ја зафати Јужна Кореја.
Снежниот бран ги погоди Сеул и околните места, а во некои делови паднаа и над 40 сантиметри снег, што предизвика сообраќаен хаос, ја одложи наставата и а откажани се и стотици летови, пренесе „Јонхап“.
Првиот ден на снег (вчера) беше најтешкиот ноемвриски снег во последните 117 години, со 16,5 сантиметри снег, додека утрово беа измерени 28,6 сантиметри.
#Watch: The heaviest snowfall for November in 117 years blanketed Seoul and the surrounding regions Wednesday, causing injuries, disrupting traffic and cutting off power supplies, as authorities are on high alert for more snow later this week.#SouthKorea #Seoul #Snowfall #World… pic.twitter.com/ugIFMmDGj9
— Mirror Now (@MirrorNow) November 28, 2024
Повеќе од 40 сантиметри снег паднаа во провинцијата Џеонгџи, која го опкружува Сеул, додека Јонгин забележа највисоко ниво на снег – 47,5 сантиметри.
IN PICTURES: Scenes in South Korea as Seoul experiences its heaviest November snowfall since records began over a century ago, snarling traffic, knocking out power and grounding flights https://t.co/OjsO6q6pbT
(Photo: AFP, Reuters, AP) pic.twitter.com/SrMoshdmxp— CNA (@ChannelNewsAsia) November 27, 2024
И покрај тоа што вчера беа откажани мерките за предупредување во главните делови на Сеул, беше објавено дека врнежите предизвикале бројни несреќи и смртни случаи.
Во Јонгин, маж на возраст од 60 години загинал кога дрво паднало врз него додека чистел снег, додека друго лице загинало во сличен инцидент во Пјонгтаек, кога се урнала структура за возење.
Две тешки сообраќајни несреќи се случиле на автопатот источно од Сеул, во кои најмалку две лица загинале, додека 11 се повредени во несреќа во која учествувале 53 возила.
Поради снегот вчера беа откажани 142 меѓународни и 28 локални летови, додека 99 фериботи прекинаа со работа на 76 линии.
Доцнења се забележани и на пругата поради снег и паднати гранки.
Во провинцијата Џеонгги владата ги затвори училиштата, а во Сеул три училишта беа затворени, додека 27 други го променија распоредот.
Повеќе од 11.000 работници и речиси 20.000 парчиња опрема беа мобилизирани за отстранување на снегот од улиците.
Иако снежните врнежи се очекува да престанат во Сеул и околните области, предупредувањата се уште се на сила во неколку други делови од земјата.
Метеоролозите нагласија дека ваквите обилни снежни врнежи се резултат на потоплите морски струи од западниот дел на Корејскиот полуостров во комбинација со студениот воздух што доаѓа од север.
Исто така, соседна Северна Кореја забележала повеќе од 10 сантиметри снег во некои области.
Свет
Рјабков: Америка ќе се затресе
Џон Кирби потврди дека Украина има дозвола да користи американски ракети со долг дострел „Атакамс“ за да го нападне регионот Курск, потсетуваат во своите написи светските медиуми.
„Русија ќе го направи Вашингтон да се затресе и занеме“ поради последиците од нејзиното учество во конфликтот во Украина“, изјави за Спутник заменик-шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков.
Тој истакна дека американските планери и американските политичари со неверојатна леснотија разговараат за териториите каде што може да се користи нивното оружје, за опсегот на нивните средства за примена.
„Ова е потврда дека САД станаа страна во конфликтот“, рече дипломатот.
Според него, ваквата ситуација пред извесно време би предизвикала морници и чудење во Вашингтон.
„Тоа не се случува во моментов. Ама ќе затреперат и ќе занемат. Но, тие треба да бидат свесни дека она што сега го преземаме има за цел да го направи токму тоа“, нагласи дипломатот.
Претходно, координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирби, потврди дека Украина има дозвола да користи американски ракети со долг дострел „Атакамс“ за напади врз регионот Курск, објаснувајќи го тоа со потребата за самоодбрана.