Свет
Кина го поддржа Трамп во преговорите со Русија за постигнување мир во Украина
Синоќа, на состанокот на Г-20 во Јужна Африка, Кина ги поддржа напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да постигне договор со Русија за ставање крај на војната во Украина.
Помалку од еден месец откако стана претседател, Трамп ја промени американската политика кон војната, завршувајќи ја кампањата за изолација на Москва со телефонски повик до рускиот претседател Владимир Путин и разговори меѓу високи американски и руски претставници, но без Украина.
Трамп потоа го осуди Зеленски како „диктатор“ во средата, што поттикна изјави за поддршка на украинскиот претседател од членките на Г20, како што се Австралија, Германија и Обединетото Кралство.
„Кина ги поддржува сите напори што водат кон мир (во Украина), вклучително и неодамнешниот консензус постигнат меѓу САД и Русија. Кина е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога во политичкото решавање на кризата“, им рекол Ванг Ји на другите министри за надворешни работи на Г-20 собрани во Јоханесбург, се вели во соопштението од неговото министерство.
Ванг не го повтори ставот што го искажа на Минхенската безбедносна конференција минатиот петок дека сите засегнати страни во руско-украинскиот конфликт треба да учествуваат во какви било мировни преговори.
Пекинг сака да обезбеди негово вклучување во секој договор што Трамп сака да го направи со Кремљ, за да спречи моментално дипломатски изолираната Русија да се лизне под негово влијание и затоа што нејзините врски со Русија и даваат „пристап“ до европските претставници, кои се загрижени дека би можеле да бидат изоставени од какви било преговори, велат аналитичарите.
„Со тоа што отиде директно кај Путин, претседателот Трамп го избриша она што Пекинг се надеваше дека може да биде клучен дел од неговата почетна потпора. Наместо тоа, Кина сега може да го фокусира своето внимание на дискусија за улогата на Кина во евентуалното обновување и одржување на мирот – нешто што ќе му даде на Пекинг многу поголем удел во европската безбедносна архитектура“, рече Руби Осман, експерт за Кина во глобалниот институт „Тони Блер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот министер: Преговорите во Оман со САД беа многу добар почеток
Во главниот град на Оман, Маскат, заврши нов круг преговори меѓу Иран и САД, при што, според иранската државна агенција ИРНА, двете страни покажале подготвеност за продолжување на дијалогот. Агенцијата „Тасним“ објави дека е договорено разговорите да продолжат, но не е наведено кога би се случило тоа.
Преговорите се одвивале со посредство на оманскиот министер за надворешни работи, Саид Бадр Албусаиди. Иранскaта делегација ја предводел шефот на дипломатијата Абас Аракчи, а американската страна била претставувана од специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп. На разговорите присуствувал и адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на американската армија (CENTCOM).
Министерот Аракчи во изјава за иранските државни медиуми по средбата истакна дека разговорите биле „многу добар почеток“ и дека биле одржани во „многу позитивна атмосфера“. Додаде дека двете делегации се договориле да продолжат со консултации со своите челници.
И покрај тоа што не беа соопштени детали за конкретните теми, оманскиот министер за надворешни работи Албусаиди изрази оптимизам и оцени дека било „корисно да се разјаснат ставовите на двете страни и да се утврдат можности за напредок“. Тој на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер) напиша дека резултатите ќе бидат внимателно разгледани од Техеран и Вашингтон.
Very serious talks mediating between Iran and the US in Muscat today.
It was useful to clarify both Iranian and American thinking and identify areas for possible progress. We aim to reconvene in due course, with the results to be considered carefully in Tehran and Washington. pic.twitter.com/OWctzf2CXA— Badr Albusaidi – بدر البوسعيدي (@badralbusaidi) February 6, 2026
Свет
Европската комисија бара промени на „Тик-ток“: „Предизвикува зависност, особено кај децата“
Европската унија би можела да го принуди „Тик-ток“ да направи измени во апликацијата, откако во прелиминарна одлука наведе дека платформата ги прекршила правилата за дигитална безбедност.
Европската комисија смета дека дизајнот што предизвикува зависност му штети на физичкото и менталното здравје на корисниците, особено на децата и ранливите лица, пишува „Гардијан“.
Според одлуката, „Тик-ток“ не ги проценил соодветно ризиците од својот дизајн, кој преку постојано надградување со нова содржина поттикнува непрекинато скролање и го става мозокот во режим на автопилот. Комисијата наведува дека тоа може да доведе до компулсивно однесување и намалена самоконтрола, како и дека платформата игнорирала показатели за прекумерна употреба, вклучително и времето што децата го минуваат на апликацијата ноќе.
Комисијата размислува за наметнување промени во дизајнот, вклучувајќи измени на алгоритмот за препораки, ограничување на бесконечното скролање, воведување ефективни паузи од екран, вклучително и во текот на ноќта, како и прилагодување на системот за препораки.
Безбедносните механизми, како алатките за контрола на времето и родителските контроли, се оценети како недоволни.
Кршењето на Актот за дигитални услуги (ДСА) може да резултира со казна до 6 проценти од годишниот промет на компанијата. Се проценува дека „Тик-ток“ годинава ќе оствари приход од околу 35 милијарди долари.
Свет
САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Иран
Соединетите Американски Држави ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Иран, предупредувајќи на сериозни безбедносни ризици, вклучувајќи тероризам, немири, киднапирања и произволни апсења и притворања на американски граѓани.
Американските власти им советуваат на граѓаните сами да направат план за излез и да не се потпираат на помош од американската влада, бидејќи САД немаат амбасада во Иран.
Според предупредувањето од Стејт департментот на САД, американските граѓани во Иран се соочуваат со висок ризик од нелегално притворање, вклучувајќи долготраен притвор, тортура и, во некои случаи, смртна казна. Швајцарија дејствува како заштитна сила за американските интереси во Иран, чија амбасада во Техеран обезбедува само итни конзуларни услуги.

