Свет
Кина: Дипломатскиот бојкот на САД, Канада и на Британија е фарса
Кина денеска ја критикува одлуката на Канада и на Велика Британија да им се придружат на САД во дипломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри во 2022 година, а бојкотот го оценија како фарса.
Кина не е загрижена дека отсуството на официјални лица може да предизвика верижна реакција бидејќи многу шефови на држави, владини лидери и членови на кралските семејства поднеле барање да дојдат, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венпинг, пренесе АП.
Освен Канада, Британија и САД, и Австралија соопшти дека нема да праќа функционери на Зимските олимписки игри од истите причини, а тоа е обвинението за наводно кршење на човековите права во Кина. Нов Зеланд претходно го информира Пекинг дека нема да испраќа службеници поради рестриктивните мерки во врска со пандемијата, но исто така изрази загриженост за човековите права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

