Свет
Кина отвори нова железничка карго-линија до Европа
Првиот товарен воз што сообраќа по новата железничка линија за транспорт го напушти Хефеи, главниот град на кинеската провинција Анхуи, во саботата на пат кон Тибург во Холандија, натоварен со 82 контејнера, пренесува РТ.
Трасата е дел од амбициозниот проект „Еден појас, еден пат“ на Кина.
Одбележувајќи го почетокот на новата железничка товарна служба помеѓу двата града, возот ќе патува 15-ина дена пред да пристигне на својата дестинација, јавува „Сјинхуа“.
Кинеско-европската железничка товарна служба сега има 20 рути што го поврзуваат Хефеи со осум земји, вклучувајќи ги Германија, Полска, Финска, Холандија и Русија. Статистиката покажува дека вкупно 194 товарни возови од Кина за Европа тргнале од Хефеи досега годинава.
A new China-Europe freight train left Hefei, E China's Anhui, Sat, heading for Tilburg in the Netherlands. The train, carrying 82 TEUs of cargo, will travel around 15 days before arriving at the destination. It marks the launch of a new rail cargo service between the two cities. pic.twitter.com/FKv5YRZ10c
— Modern China (@PDChinaBusiness) June 8, 2020
Иницирана во 2011 година, службата за железнички транспортен сообраќај Кина-Европа се смета за значаен дел од иницијативата „Белт енд роуд“ (БРИ) за зајакнување на трговијата меѓу Кина и земјите што учествуваат во програмата.
Амбициозната иницијатива ја најави кинескиот претседател Шји Џјинпинг во 2013 година. Оттогаш повеќе од 140 земји и меѓународни организации склучија договори за заедничко градење на проектот.
БРИ има цел да ги зајакне поврзаноста и соработката меѓу источна Азија, Европа и источна Африка. Се очекува значително да ја зајакне глобалната трговија намалувајќи ги трговските трошоци за половина за вклучените земји, покажуваат експертските процени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

