Свет
Кина: Ја прекинуваме соработката со САД во повеќе области

Пекинг денеска објави дека ќе ја прекине соработката со САД во повеќе области, вклучително и дијалозите меѓу високите воени команданти, сето тоа поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван оваа недела.
Кинеското министерство додаде дека ги прекинува разговорите за климатските промени со Америка, ја прекинува соработката во областа на спречување на прекуграничниот криминал и репатријација на илегални мигранти, објави „Ројтерс“.
Кинеското министерство денеска објави дека ќе ја прекине соработката со САД во повеќе области.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трудо: Трговската војна може да продолжи во догледна иднина

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека канадската страна е заинтересирана за намалување на сите американски царини и додаде дека ќе продолжи да соработува со високи функционери на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со царините што САД планираат да ги воведат на сите увозни производи од Канада.
„Разговорите се во тек. Нашата цел е да ги отстраниме сите царини. Трговската војна може да трае во догледна иднина“, рече Трудо и ги повика граѓаните да продолжат да „купуваат канадскo“ кога е toa можно, пренесува CTV News.
Тој не ги откри деталите од телефонскиот разговор со Трамп во средата, истакнувајќи дека станува збор за „многу суштински повик“, пренесува Танјуг.
Канадскиот премиер рече дека во вчерашниот разговор го предупредил американскиот претседател дека американските царини ќе им наштетат на американските работници и бизниси.
Свет
Медведев: Неопходна е проценка на штетата што ја предизвикаа колонијалните сили на другите земји

Потребна е сеопфатна проценка на штетата што ја предизвикаа поранешните колонијални сили на други земји, изјави денеска претседателот на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев.
„Треба да разговараме за напредокот на работата за сеопфатна проценка на штетите што неометрополитенските држави, што е термин што го користиме сега, им ги нанесоа на различни држави, нивниот социо-економски развој и, во суштина, нивната иднина“, рече Медведев.
Тој нагласи дека колонијалните сили се обидуваат да ги доведат во заблуда ослободените народи и да ги избришат од нивната меморија злосторствата од минатото, но и од сегашноста, пренесува РИА Новости.
Медведев рече дека меѓународното движење „За слобода на народот“, формирано пред една година, се залага за воспоставување на Денот на сеќавање на жртвите на колонијализмот на 14 декември.
„Потсетувам дека ова е датумот на усвојување на Декларацијата за давање независност на колонијалните земји и народи во 1960 година. Русија, заедно со сродните земји, поднесоа ваква нацрт-резолуција на дискусија, познато е, со значително мнозинство гласови на 4 декември минатата година“, рече Медведев, пренесува Танјуг.
Свет
Украинскиот генерал Залужни: Америка го уништува светскиот поредок, НАТО можеби нема да постои

Амбасадорот на Украина во Обединетото Кралство, Валериј Залужни, изјави дека САД го уништуваат сегашниот светски поредок.
Оваа невообичаено отворена изјава доаѓа додека Украина се обидува да ги поправи врските со САД по состанокот во Белата куќа помеѓу Володимир Зеленски и Доналд Трамп.
Генералот Залужни беше сменет од функцијата шеф на украинската армија минатата година, а многумина веруваат дека тој би можел да се кандидира против Зеленски на претседателските избори.
„Не се работи само за „оската на злото“ и Русија се обидува да го ревидира светскиот поредок, туку САД го уништуваат овој поредок“, нагласи Залужни, говорејќи на панелот во британскиот тинк-тенк „Чатам хаус“. Тој тврди дека американската влада „го доведе во прашање“ единството на западниот свет.
„Сега Вашингтон се обидува да ги делегира безбедносните прашања во Европа“, предупреди тој.
Тој фрли сомнеж за иднината на воената алијанса.
„Можеме да кажеме дека во блиска иднина НАТО, исто така, би можел да престане да постои. Гледаме дека Белата куќа сега презема чекори кон Кремљ, обидувајќи се да ги прими, па следната цел на Русија би можела да биде Европа“, нагласи тој.
Патем, украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да ги намали тензиите со администрацијата на Трамп. Тој призна дека минатонеделната средба со Трамп „не поминала како што требаше“ и нагласи дека Украина е подготвена да преговара за крај на конфликтот.