Свет
Кинеската морнарица избркала американски воен брод од територијалните води
Воен брод на САД бил избркан од спорните води на Јужното Кинеско Море откако кинеската морнарицата ги кренала борбените авиони и поморските единици за да го придружуваат, обвинувајќи го Вашингтон за провокативни активности на море, пренесува „Глобал тајмс“.
УСС Бери, уништувач на насочувани ракети, нелегано влегол во територијалните води на Пекинг во близина на спорните острови Сјиша – познати како Парселски Острови – во вторникот, се вели во соопштението на кинеската морнарица.
Инцидентот е прв случај во кој кинеската морнарица активно објави нелегален пристап во областа.
„Провокативните активности на САД сериозно го нарушија меѓународното право и сродните норми, сериозно го нарушија кинескиот суверенитет и безбедносните интереси и намерно ги зголемија регионалните безбедносни ризици. Ги повикуваме САД да се фокусираат на спречување и контрола на епидемијата дома и веднаш да престанатс о воените дејствија против регионалната безбедност, мирот и стабилноста “, вели полковник Ли Хуамин, додавајќи дека акцијата можела да доведе до несреќа.
A US warship trespassing into Chinese territorial waters off the Xisha Islands in the #SouthChinaSea on Tue could have potentially caused an accident, and the US should focus on controlling #COVID19 at home rather than destabilizing security and peace. https://t.co/QkmFVgfjo4 pic.twitter.com/S4EhhVgYxi
— Global Times (@globaltimesnews) April 28, 2020
Претходно неделава, УСС Бери помина низ блискиот тајвански теснец во својот втор рутински транзит овој месец, внимателно следен од кинески носач на авиони во двата наврати. Американските воени бродови редовно патролираат низ теснецот, како и во Јужното Кинеско Море и Источното Кинеско Море, наведувајќи ја потребата да се заштити слободата на навигација, но Кина во неколку наврати ги критикуваше операциите како нарушување на нејзиниот суверенитет.
Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг забележаа голем пораст во последните недели, при што двете страни си разменија обвинувања во врска со пандемијата на коронавирусот и неговото потекло. Американски официјални лица, вклучително и претседателот Доналд Трамп, тврдеа дека Кина криела витални информации во раните фази на здравствената криза, па дури и ги замрзнаа средства за СЗО за нејзината наводна улога во прикривањето.
Пекинг возврати со инсинуирање дека американската војска можеби имала улога во првобитната појава на Ковид-19 во Вухан, а голем број кинески претставници ги отфрлија обвиненијата на САД, тврдејќи дека ги споделиле информациите за вирусот веднаш штом биле достапни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.
Регион
Орбан врши притисок, ЈАНАФ возвраќа: Снабдување има, но само според санкциите на ЕУ и САД
Откако унгарскиот премиер Виктор Орбан го заостри притисокот врз Хрватска поради транспортот на руска нафта кон Унгарија, Европската комисија порача дека за спроведувањето на санкциите се одговорни земјите членки. Набргу потоа се огласи и Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), кој ги отфрли ултиматумите и порача дека работи во согласност со правилата на Европската унија и Соединетите Американски Држави.
МОЛ вчера побара од ЈАНАФ гаранција дека ќе овозможи транспорт на руска сурова нафта што не е под санкции и која во Унгарија пристигнува по морски пат, со предупредување дека во спротивно ќе бара правна и финансиска одговорност. Европската комисија денеска соопшти дека спроведувањето на санкциите е во надлежност на земјите членки, пишува „Индекс.хр“.
ЈАНАФ: Одлуките не се носат под притисок
Реагирајќи на ултиматумот, од ЈАНАФ порачаа дека разговорите меѓу партнери и сојузници се водат „пристојно, аргументирано и врз основа на факти“.
„Во врска со ултиматумите упатени до ЈАНАФ, сметаме дека е важно да се соопшти дека разговорите меѓу партнери и сојузници се водат пристојно, аргументирано и врз основа на факти“, наведуваат тие.
Истакнуваат дека ЈАНАФ работи одговорно и целосно во согласност со важечките санкциски режими на Европската унија и Соединетите Американски Држави.
„Безбедноста на снабдувањето на Унгарија и Словачка не е загрозена. Рутата преку ЈАНАФ постои, веќе се користи и има доволни капацитети да ги покрие нивните потреби за нафта. Тоа го потврдува и самата Унгарија, која денес бара целосен транспорт преку ЈАНАФ, иако неодамна неосновано тврдеше дека таков капацитет не постои“, соопштуваат од компанијата.
Додаваат дека минатата и оваа недела за унгарскиот МОЛ веќе се транспортирани значителни количини нафта што не се опфатени со санкциски ограничувања, како и дека до почетокот на април се очекуваат уште седум танкери за истиот корисник на нафтоводниот систем на ЈАНАФ.
Снабдување можно, но со строга примена на санкциите
„Хрватската енергетска инфраструктура е подготвена, сигурна и достапна за снабдување што е усогласено со правилата на ЕУ и OFAC“, наведуваат од ЈАНАФ.
Како пример ја наведуваат снабдувањето на српската компанија НИС, каде партнерите, како што посочуваат, заеднички ги исполнуваат строгите санкциски критериуми за да обезбедат потребни продолжувања и континуитет на снабдувањето во рамки на важечките правила.
Во тој контекст очекуваат одлуките за набавка и транспорт кон Унгарија и Словачка да се носат врз основа на законитост и усогласеност со санкциите, а не под притисоци или ултиматуми.
„Доколку постојат барања што се однесуваат на нафта од руско потекло или на субјекти поврзани со Русија, тие можат да се разгледуваат исклучиво во строгата рамка на санкциските критериуми на ЕУ и OFAC, со целосна правна проверка, јасна одговорност и максимална транспарентност“, наведуваат.
Во заклучокот истакнуваат дека Хрватска не одбива снабдување ниту ја политизира енергијата. „Хрватска и ЈАНАФ овозможуваат снабдување во согласност со прописите, доследно применувајќи ги санкциите на ЕУ и САД“, наведуваат тие.
Комисијата: Земјите членки одлучуваат за спроведувањето на санкциите
Портпаролката на Европската комисија, Ана-Каиса Итконен, претходно изјави дека за спроведувањето и примената на санкциите се одговорни земјите членки. „Основното начело е дека за спроведувањето и примената на санкциите се одговорни земјите членки“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали Хрватска може да испорачува руска нафта преку ЈАНАФ.
Европската унија во јуни 2022 година, во рамки на шестиот пакет санкции, го забрани увозот на руска нафта по морски пат. Унгарија, Словачка и Чешка добија привремено изземање како земји без излез на море, во случај испораката преку нафтовод да не е можна.
Нафтоводот „Дружба“ беше оштетен кон крајот на јануари во руски напад со дронови, по што дотокот на нафта беше прекинат, а спорот околу алтернативните рути дополнително се заостри.
Свет
Сè потензично меѓу Словачка и Украина: Зеленски и Фицо разговарале за руската нафта
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и словачкиот премиер Роберт Фицо телефонски разговараа во услови на зголемени тензии поради прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој минува низ Украина.
Од кабинетот на Зеленски соопштија дека претседателот го поканил Фицо во Украина за да разговараат за сите отворени прашања.
Словачка и Унгарија го обвинуваат Киев за одолговлекување со повторното пуштање во работа на нафтоводот, чиј дел во Украина беше оштетен во руски напади во јануари. Тие тврдат дека е поправен, но Зеленски посочи дека работите сè уште не се завршени и ја повика Будимпешта да разговара со Москва, која, според него, повеќепати го бомбардирала нафтоводот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека со Фицо формирале заедничка истражна комисија и побара Украина да дозволи унгарски и словачки инспектори да влезат во земјата. Во меѓувреме, Орбан го блокира заемот од 90 милијарди евра од Европската унија за Украина и нови санкции против Москва, сè додека не продолжат испораките преку „Дружба“.

