Свет
Кинескиот претседател ја мобилизира Комунистичката партија за борба против вирусот
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг во понеделникот даде важни насоки за борба против епидемијата од коронавирус, нагласувајќи дека ќе се потпре на населението во контролата и сузбивањето на вирусот.
Шји истакна дека партиските комитети и владата на сите нивоа мора целосно да се мобилизираат, распоредат и да ја зајакнат својата работа во согласност со одлуките и аранжманите на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), кои им даваат врвен приоритет на заштитата на животот и здравјето на луѓето, пренесува српски „Телеграф“.
Шји, кој исто така е генерален секретар на Централниот комитет на КПК и претседател на Централната воена комисија, упати забелешки во упатство до партиските организации, членови и службени лица, барајќи од нив да ги обединат луѓето во решително спроведување на одлуките на Централниот комитет на партијата.
Шји побара да се зајакне самодовербата, сите да останат обединети и да се преземат научни и насочени мерки за да се спречи и контролира епидемијата.
„Партиските комитети на сите нивоа треба да донесат научни и прецизни дијагнози за епидемиолошката состојба“, рече Шји барајќи единство во лидерството, командата и дејствувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН: Најмалку 127 цивили убиени во израелски напади во Либан и покрај прекинот на огнот
Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права денес објави дека најмалку 127 цивили се убиени во Либан во израелски напади откако беше постигнат прекин на огнот пред речиси една година.
ОН повика на итна истрага и строго почитување на прекинот на огнот, објави Ројтерс.
„Речиси една година по договорениот прекин на огнот меѓу Либан и Израел, продолжуваме да бидеме сведоци на интензивирање на израелските напади што резултираат со цивилни жртви и уништување на цивилни објекти во Либан, со алармантни индикации за поширока офанзива“, изјави портпаролот на канцеларијата, Тамин Ал-Китан, на прес-конференција во Женева.
Тој додаде дека податоците се базираат на методологијата на ОН, но дека вистинскиот број на загинати цивили може да биде поголем.
Фото: принтскрин
Свет
Калас: Европа бара разоружување на Русија
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека конечниот мировен план за Украина мора да содржи јасни механизми што би спречиле каква било повторна инвазија на Русија. Зборувајќи на BBC Radio 4, таа нагласи дека е потребно Москва да прифати отстапки и да преземе целосна одговорност за војната.
Калас подвлече дека конфликтот не може да се заврши без структурни промени во пристапот на Русија кон меѓународните обврски.
„Ако сакаме ова да заврши засекогаш, навистина ни требаат отстапки од Русија. Не можете само да нападнете друга земја и да не преземете никаква одговорност“, нагласи таа.
Според неа, идниот мировен договор мора да ја вклучува обврската на Русија да ги почитува меѓународните договори, како и намалувањето на бројот на нејзините вооружени сили. Ова, според Калас, е клучот за одржлива безбедност на Украина и Европа.
Осврнувајќи се на можноста за враќање на Русија во Г8, Калас беше недвосмислена:
„Тоа е дефинитивно неприфатливо. Не можеме да се вратиме на вообичаеното работење, како би можеле да го замислите тоа?“
Шефицата на европската дипломатија претходно изјави дека Москва „нема право“ да поставува услови за Киев за време на мировните преговори и дека Европската Унија има „јасен план“ за Украина – во време кога американскиот претседател Доналд Трамп предлага нов модел за решавање на конфликти.
Според Калас, европската политика останува конзистентна: мирот мора да се постигне за Украина да биде трајно заштитена, а Русија да биде спречена да ја повтори агресијата.
Фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Ние сме воено неутрална земја и ќе соработуваме со кого сакаме
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Србија е воено неутрална земја која сама избира со кого ќе соработува.
Тој го кажа ова во Претседателството, одговарајќи на новинарско прашање за коментар на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој рече дека Србија има суверено право да учествува во вежби со кинеската армија, но дека ќе „се дистанцира од соработката на Вучиќ со Кина“.
„Ние сме воено неутрална земја и ќе соработуваме со кого сакаме“, изјави Вучиќ во врска со изјавата на Руте.
Како што вели, се дистанцира од НАТО и од сè што НАТО направи во 1999 година, додавајќи дека и српскиот народ се дистанцирал од него.
„Затоа што сакаме добро да соработуваме со нив. Тоа го направивме особено преку КФОР. Среќни сме поради многу професионалниот однос што го имаме со КФОР. Имаме добри односи со НАТО, ќе продолжиме да имаме добри односи со НАТО. Затоа му се заблагодарувам на г-дин Руте што се дистанцира од мене. Немам проблем со тоа, ми направи услуга. Србија е слободна земја и суверена земја и ќе остане таква“, рече Вучиќ, објави Танјуг.
Фото: принтскрин

