Свет
Кинескиот претседател ќе ја посети Италија откако Рим го поддржа „Патот на свилата“
Кинескиот претседател, Сји Џипинг, ќе ги посети Италија, Монако и Франција оваа недела, објави кинеското Министерство за надворешни работи во понеделникот откако Рим најави подготвеносат да се приклучи на кинеската глобална програма за трговска инфраструктура и покрај резервираноста во другите европски земји, пренесува „Локал“.
Државната на посета на Сји на овие земји ќе трае од четврток до 26 март.
Италијански официјален претставник минатата недела изјави дека Рим ќе потпише необврзувачки меморандум за разбирање со Пекинг за официјално да ја поддржи големата иницијатива „Белт енд роуд“, позната и како „Новиот пат на свилата“, вредна еден трилион долари.
Пекинг финансира инфраструктурни, поморски, железнички и патни проекти во Азија, Африка и во Европа, но критичарите предупредуваат дека тоа главно им оди во корист на кинеските фирми додека ги вовлекува во замка на долгови финансиски ранливте земји.
Во Италија Сји ќе разговара со претседателот Серџо Матарела и со премиерот Џузепе Конте, како и со парламентарните лидери.
По најавата на Италија, францускиот претседател, Емануел Макрон, минатата недела изјави дека земјите од Европската Унија треба да имаат координиран пристап во однос на Кина.
„Добро е што Кина учествува во развојот на многу земји, но верувам во духот на еднаквост, на реципроцитет. Духот на еднаквоста значи почитување на суверенитетот на нациите”, рече Макрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп воведе санкции врз колумбискиот претседател и неговото семејство
Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро, објави Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД. Неговата сопруга Вероника Алкосер, синот Николас Петро и министерот за внатрешни работи Армандо Бенедети се исто така на списокот на санкционираните, што дополнително ги затегнува односите меѓу САД и Колумбија.
Санкциите се засноваат на претседателскиот декрет EO14059, кој е насочен кон меѓународната трговија со дрога и организираниот криминал. Ова значи дека сите средства на Петро и неговите најблиски роднини во САД ќе бидат замрзнати, а на граѓаните и компаниите на САД им е забрането да соработуваат со нив.
САД го обвинуваат Петро дека дозволил производството на кокаин во Колумбија да порасне на највисоко ниво за една деценија за време на неговиот мандат, преплавувајќи го американскиот пазар и штетејќи му на американското општество.
Министерот за финансии Скот Бесент изјави дека претседателот Петро им дозволил на нарко-картелите да цветаат и одбил да ја запре оваа активност, поради што администрацијата на претседателот Доналд Трамп презема строги мерки за заштита на земјата од трговија со дрога.
Свет
Франција осуди жена на доживотен затвор првпат во историјата
Француски суд ја осуди Алжирката Дабија Бенкиред на доживотен затвор без можност за условна слобода во петокот за силување, тортура и убиство на 12-годишната Лола Давиет. Со оваа пресуда, Бенкиред стана првата жена во Франција на која ѝ е изречена најстрогата можна казна.
Случајот што ја потресе земјата во 2022 година, предизвика и жестока дебата за имиграцијата, со оглед на тоа што осудената немала важечка дозвола за престој, пишува Le Monde. Бенкиред, која сега има 27 години, беше уапсена кратко откако девојчето исчезна во североисточен Париз. Телото на Лола Давиет беше пронајдено во ковчег во лобито на зградата каде што нејзините родители работеа како чистачи.
Претседавачкиот судија, во своето образложение за пресудата, ја истакна „исклучителната суровост на злосторствата“, опишувајќи ги како „вистинска тортура“.
„При одредувањето на соодветната казна, судот ја зеде предвид неописливата психолошка штета врз жртвата и нејзиното семејство во такви насилни и речиси неописливи околности“, рече тој.
На почетокот на судењето минатата недела, Бенкиред се извини за своите ужасни постапки. Сепак, тројца форензички психијатри сведочеа дека забележале психопатски тенденции кај обвинетата и дека не веруваат дека таа страда од ментално нарушување што може да се лекува.
Случајот го искористија конзервативните и крајно десничарските политичари за да побараат построго спроведување на законите за имиграција, откако беше откриено дека Бенкиред го пречекорила рокот на нејзината студентска виза и го игнорирала налогот да ја напушти Франција. Мајката на жртвата апелираше до политичарите да престанат да ја експлоатираат смртта на нејзината ќерка за политички цели.
Свет
Турција го обвинува Израел за кршење на примирјето, бара одговор од САД
Турција ги повика САД да дејствуваат, обвинувајќи го Израел за кршење на договорот за прекин на огнот во Газа. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Вашингтон и сојузниците треба да размислат за санкции и запирање на продажбата на оружје за да го принудат Израел да го почитува договорот.
Турција, членка на НАТО, беше вклучена во разговорите за прекин на огнот како посредник, а нејзината улога беше зајакната по средбата минатиот месец меѓу Ердоган и Доналд Трамп во Белата куќа.
„Страната на Хамас се придржува до прекинот на огнот. Всушност, отворено ја изразува својата посветеност кон него. Израел, во меѓувреме, продолжува да го крши прекинот на огнот“, изјави Ердоган пред новинарите.
„Меѓународната заедница, т.е. САД, мора да направи повеќе за да обезбеди целосно почитување на прекинот на огнот и договорот од страна на Израел“, додаде тој.
Од друга страна, Израел го обвини Хамас за кршење на примирјето, велејќи дека неодамнешните воени акции во Газа биле дизајнирани токму за одржување на договорот.
Кога беше прашан за коментарите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се спротивставува на каква било мировна улога на турските сили во Појасот Газа, Ердоган одговори дека разговорите сè уште се во тек.
„Бидејќи ова е повеќеслојно прашање, во тек се сеопфатни преговори. Ние сме подготвени да ѝ пружиме на Газа каква било форма на поддршка по ова прашање“, рече тој.
Односите меѓу поранешните сојузници Израел и Турција го достигнаа дното за време на војната во Газа, при што Анкара ја обвини владата на Нетанјаху за геноцид, што Израел постојано го негира.

