Свет
Кинески авиони забележани во близина на Тајван
Тајванската војска регистрирала 103 авиони на кинеската армија, кои се приближувале кон островот во еден ден, што е рекорден број авиони испратени од Пекинг во областа за 24 часа, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана.
„Од утрото на 17 септември до утрото на 18 септември Министерството за одбрана ги следеше активностите на вкупно 103 авиони, што е рекордна бројка во последно време и претставува сериозен предизвик за безбедноста во Тајванската Теснина и во регионот“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Тајван, објавено на својата веб-страница.
Тие наведуваат дека сегашните воени активности на Кина лесно може да доведат до зголемување на тензиите, како и до влошување на регионалната безбедност.
„Го повикуваме Пекинг да преземе одговорност и веднаш да престане со ваквите еднострани деструктивни дејства“, се вели во соопштението на тајванската војска, пренесува „Ројтерс“.
Тензиите околу Тајван, кој Кина го смета за своја територија, значително се влошија по посетата на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на островот на почетокот на август минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Трамп доби златна круна во Јужна Кореја
На претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во Националниот музеј во Гјонгџу му беше врачен Големиот орден на Мугунгва и златна круна на кралството Сила од страна на јужнокорејскиот претседател Ли Џае-Мјунг.
Претседателот Трамп доби реплика од историската златна круна во Јужна Кореја, најновиот во низата импресивни подароци што ги добил за време на неговата посета на Азија.

Трамп рече дека подарокот е „многу посебен“.
Симбол на света власт и апсолутна моќ
Репликата е базирана на златната круна на древното кралство Сила, кое го симболизирало „светата власт и апсолутната моќ“ на кралевите и владејачката класа, според Националниот музеј на Кореја.

Златните круни од кралството Сила прикажуваат дрво со гранки што се шират нагоре, за кое музејот вели дека „значи небесен мандат на кралот“.
фото: принтскрин
Свет
Во Холандија почнаа парламентарните избори
Во Холандија утрово почнаа парламентарните избори, избирачките места се отворија во 7:30 часот и ќе бидат отворени до 21:00, по што ќе започне пребројувањето на гласовите и објавувањето на првите резултати, јави холандскиот јавен сервис „НОС“.
Право на глас имаат околу 13,5 милиони граѓани, а гласањето се одвива на 27 партии со 1.166 кандидати за 150 пратенички места.
Некои избирачки места беа отворени уште од полноќ. На поголемите железнички станици има и мобилни пунктови за гласање.
Анкетите покажуваат дека трката е исклучително тесна, а крајнодесничарската Партија за слобода (PVV) на Герт Вилдерс има шанса за силен резултат, иако повеќето партии не сакаат коалиција со него. Поддршка имаат и левите и десноцентристичките партии.
По распадот на претходната четирипартиска влада, парламентот брои дури 15 партии, па аналитичарите предупредуваат дека формирањето нова влада може да трае со месеци.
Свет
Куба ја погоди ураган, еден од најсилните од 2017 година
Откако ја погоди Јамајка како еден од најсилните урагани во Атлантикот, Мелиса накратко ослабе. Додека го преминуваше островот, таа изгуби дел од својата енергија бидејќи повеќе не беше над топлото море кое ја „хранеше“.
Кога северниот брег на Јамајка беше зад него, ураганот повторно се засили до четврта категорија и формираше добро изразено око на бура. Потоа Мелиса по втор пат дојде до копно, овој пат во југоисточна Куба, како ураган од категорија 3 со ветрови до 205 километри на час – еден од најсилните што го погодија островот од ураганот Ирма во 2017 година.
Потоа бурата ќе ослабне, но се очекува да се забрза кон североисток, преминувајќи ги Бахамите во текот на денот и приближувајќи се кон Бермуда, задржувајќи ја силата на ураган од прва категорија.
фото: принтскрин

