Свет
Кинески дипломат вели дека Украина и слични земји немаат доказ за суверенитет, Балтичките земји шокирани
Франција и балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија денес изразија вознемиреност од коментарите на кинескиот амбасадор во Париз кои го доведуваат во прашање суверенитетот на поранешните советски земји, како што е Украина.
На прашањето дали Крим е дел од Украина или не, кинескиот амбасадор Лу Шаје во петокот изјави за француската телевизија дека Крим е дел од Русија и дека поранешниот советски лидер Никита Хрушчов ѝ го понудил на Украина.
„Земјите од поранешниот СССР немаат вистински статус во меѓународното право, бидејќи не постои меѓународен договор што го материјализира нивниот суверен статус“, додаде Шаје.
Франција денес одговори со изразување „целосна солидарност“ со сите погодени сојузнички земји за кои рече дека ја стекнале својата независност „по децении угнетување“.
„Конкретно, Украина беше меѓународно призната во нејзините граници, вклучувајќи го и Крим, во 1991 година. Таа беше призната од целата меѓународна заедница, вклучително и Кина“, рече портпаролот на француското Министерство за надворешни работи.
Портпаролот додаде дека официјален Пекинг ќе мора да разјасни дали овие коментари ја одразуваат позицијата на целата земја или не. Трите балтички држави, кои беа дел од Советскиот Сојуз, реагираа на ист начин како и Франција. Кинеското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

