Контакт

Свет

Кинески хакери украле 60.000 имејла на Стејт департментот

Објавено пред

Еден од претставниците на американскиот Сенат изјави за „Ројтерс“ дека кинеските хакери успеале да украдат околу 60.000 имејлови од американскиот Стејт департмент.

dobivaj vesti na viber

На почетокот на оваа година кинески хакери веќе извршија слични напади и ја урнаа платформата за е-пошта на „Мајкрософт3.

Овој пат хакерите стигнаа до речиси 60.000 електронски пораки и тие беа украдени од десет сметки на Стејт департментот.

Овој случај дополнително предизвика тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, при што официјален Пекинг негираше дека има некаква врска со овие акции.

„Мораме да ја зајакнеме нашата одбрана од вакви и слични сајбер-напади. Такво нешто не смее да се случи во иднина“, изјави во оваа пригода сенаторот Ерик Шмит.

Свет

(Видео) Нов гаф на Бајден: „Горд сум што служев како прва црна жена“

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „горд“ што е „првата црна жена што служи со црн претседател“ во последниот гаф.

dobivaj vesti na viber

Една недела по неговиот катастрофален настап во дебатата, Бајден вчера даде интервју за радио станицата во Филаделфија Вурд, пишуваат светските медиуми.

„Патем, горд сум што сум, како што реков, првиот потпретседател, првата црна жена… која служела со црн претседател“, рече тој.

Бајден беше потпретседател за време на двата мандата на Барак Обама, првиот црн претседател во американската историја.

Кога беше избран во Белата куќа, Бајден ја назначи Камала Харис, првата црна жена на таа позиција, за негов потпретседател.

Претходно во интервјуто, Бајден точно говореше за назначувањето на Харис и Кетања Браун Џексон, првата црна жена што беше избрана во Врховниот суд.

Прикажи повеќе...

Свет

Борел: Орбан не доби никаков мандат од Советот на ЕУ да ја посети Москва

Објавено пред

„Унгарскиот премиер Виктор Орбан не доби никаков мандат од Советот на ЕУ да ја посети Москва, а неговиот престој во руската престолнина ќе се одвива исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и обезбедување, Жосеп Борел.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека поради ставот на ЕУ за војната во Украина, официјалните контакти меѓу Унијата и претседателот на Русија, Владимир Путин, се исклучени и дека поради тоа Орбан не ја претставува ЕУ во ниту еден облик, соопшти прес-службата на објави Европската Унија.

Во соопштението се потсетува дека претседателот на Русија, Владимир Путин, е обвинет од Меѓународниот кривичен суд и дека е распишана потерница за негово апсење во врска со присилната депортација на деца од Украина во Русија.

Прикажи повеќе...

Регион

Експлозија во Загреб, разбојници разнеле банкомат

Објавено пред

Непознати разбојници разнеле банкомат во загрепски Бузин. Полицијата го блокирала патот.

dobivaj vesti na viber

„Утрово, поминував покрај бензинската пумпа и видов дежурна полиција во близина на банкоматот. Некој го разнел во текот на ноќта“, изјавил жител на Загреб за „24 сата.хр“.

Станува збор за банкомат што се наоѓа во непосредна близина на бензинската пумпа на аголот на авенијата Вечеслава Хољевац и улицата Бани.

Полицијата веднаш излегла на терен со четири возила.

Отпадоци имало насекаде, а засега нема информации колку пари успеале да украдат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

В година со уште позаострени мерки против препишување, 3,25 била просечната оценка на државната матура

Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3,25. Споредбено со минатите години, постои намалување (3,65 во...

Македонија1 час

(Видео) Лефков: Филипче брат по криминал на Заев, доаѓа за претседател на СДС со цел и двајцата да го притискаат обвинителството да не отвора постапки против нив

Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските...

Македонија3 часа

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа „Фејсбук“ најави германско-белгиска инвестиција Станува збор за германската компанија ЕПСОТЕХ која во партнерство со...

Свет3 часа

(Видео) Евакуиран дел од најголемиот аеродром во Европа: полицијата и кучиња трагачи на местото на настанот

Вториот терминал на аеродромот „Хитроу“ во Лондон е евакуиран поради сомнителен пакет, јавуваат медиумите. Police dogs are here 🙃 pic.twitter.com/4ZgrkGzPpR...

Свет3 часа

Би-си-си: Се очекува Сунак формално да ја поднесе својата оставка до кралот Чарлс во наредните часови

Се очекува британскиот премиер Риши Сунак, чија конзервативна партија по 14 години власт на вчерашните избори претрпе пораз од лабуристите,...

Македонија4 часа

Изгаснати девет пожари на отворено, во Гевгелија пронајдени неексплодирани гранати, соопшти ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1. 975 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Свет4 часа

Поранешниот американски државен секретар Кери: Украина не може да победи

Украина нема да може да го добие конфликтот со Русија, страните ќе мора да го решат дипломатски, изјави поранешниот американски...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери додека луѓе страдаа и умираа

Заев и Филипче беа рака под рака заедно кога Македонија ја тресеа најтешките коруптивни скандали и трагедии. Од крвавиот тендер,...

Свет4 часа

Туск за можната посета на Орбан на Москва: Виктор, шпекулациите не може да бидат точни или може

Полскиот премиер Доналд Туск го изрази своето изненадување во објава на социјалната мрежа Х по информацијата дека унгарскиот премиер Виктор...

Свет5 часа

(Видео) Италијанците го кренаа највисокото ниво на тревога по излевањето на лавата од вулканот

Вулканската активност на јужниот италијански остров Стромболи ги натера властите да го подигнат нивото на тревогата од портокалово на црвено,...

Спорт16 часа

(Фото) Известувачот на Макфакс го сними оперираното колено на Новак Ѓоковиќ

На прес конференција по натпреварот против Британецот Џакоб Ферли, Новак Ѓоковиќ за прв пат на Вимблдонскиот турнир се појави без...

Култура22 часа

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична, нарачавме ревизија

Целата постапка на преземањето на Универзалната сала на Министерството за култура од Град Скопје е многу проблематична, изјави министерот за...

Македонија23 часа

Главчев: Нема промена во позицијата на Бугарија кон Северна Македонија, бараме почитување на договорите

Позицијата на Бугарија во однос на Република Северна Македонија е непроменета – нашата земја сака да се почитуваат потпишаните договори....

Економија24 часа

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Барањето на синдикалците минималната плата да биде 450 евра новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека ќе...

Македонија24 часа

Mицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи, ако имаат подобра идеја за Судскиот совет, нека ја кажат

Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Еве, ако знаат подобро решение, нека дојдат и нека...

Култура1 ден

Фестивалот „Браќа Манаки“ ги има поднесено сите извештаи уредно и редовно во Агенцијата за филм, тврди директорот Дамевски

Извештајот на работната група, кој ја критикува работата на Агенцијата за филм и Друштвото на филмските работници (ДФРМ), е нарачан...

Македонија1 ден

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на работна средба со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во Атина разговарале за итно интензивирање на...

Македонија1 ден

Герапетритис со порака до Скопје и Тирана: Дејствата со иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, ги нападна Скопје и Тирана во средата за време на состанокот со австрискиот...

Свет1 ден

Русија тврди дека уништила украински „миг-29“ на аеродромот „Долгинцево“

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека на аеродромот Долгинцево во областа Дњепропетровск е уништен украински борбен авион МиГ-29....

Регион1 ден

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС-предупредувања: се приближува силно невреме, град и грмежи

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС-порака поради...