Свет
Ковид-19 предизвикува ненадеен мозочен удар кај младите луѓе
Новиот коронавирус се чини дека предизвикува ненадејни мозочни удари кај младите луѓе на возраст од 30 до 40 години, а кои немаат поголеми здравствени проблеми, објавија американски медицински извори.
„Нашата анализа покажа седумкратно зголемување на случаите на ненадеен мозочен удар кај помлади пациенти во последните две недели. Повеќето од овие пациенти немале други здравствени проблеми и престојувале во нивните домови со благи симптоми на Ковид-19, а во два случаи тие биле без симптоми“, изјави за Си-ен-ен докторот Томас Оксли, неврохирург од болницата Монт Синај во Њујорк.
Една студија во Холандија открила и „исклучително висока“ стапка на формирање крвни згрутчувања кај пациенти коишто се на одделенијата за интензивна нега.
Експертите во овој момент не знаат зошто пациентите со коронавирус имаат предиспозиција за формирање згрутчувања во крвта. Сепак, тие имаат впечаток дека ризикот од формирање тромб кај пациенти со Ковид-19 е дури и поголем отколку кај другите пациенти во одделите за интензивна нега.
Една холандска студија направена над 184 пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега кои развија пневмонија покажа дека повеќе од 20 проценти имале проблеми со згрутчување на крвта. Во слична студија во кинески Вухан, формирањето тромб кај пациенти со Ковид-19 е забележано кај 25 проценти од пациентите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

