Свет
Комисијата на ОН: Заклучивме дека во Украина се извршени воени злосторства

Претседателот на независната истражна комисија за Украина, Ерик Мозе, денеска изјави дека е констатирано оти во Украина се извршени воени злосторства врз основа на доказите собрани во четири региони на таа земја.
„Врз основа на доказите што ги собра, Комисијата заклучи дека во Украина се извршени воени злосторства“, рече Мозе во Советот за човекови права на ОН во Женева, пренесе „Ројтерс“.
Неговото обраќање следуваше по истрагите спроведени во Киев, Чернихив, Харков и Суми, каде што комисијата посети 27 места и разговараше со повеќе од 150 сведоци и жртви на насилство, наведува британската агенција.
Независната комисија беше формирана од Советот за човекови права на ОН во март поради наводите за злосторства извршени во Украина од 24 февруари кога Русија почна воена операција во таа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Невреме во Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Авионот, кој летал од Анкара до Бингол во Турција, извршил итно слетување на аеродромот Елазиг откако бил погоден од гром.
Пилотот, откако гром удрил во опашниот дел од авионот, ја променил рутата и од безбедносни причини слетал на аеродромот во градот Елазиг, објави Хабер.
Авионот слета без никакви проблеми, а патниците беа транспортирани од аеродромот до Бингол по копнен пат, објавија турските медиуми.
Свет
Голема свадба на синот на Рамзан Кадиров: Дијамантски часовник од 27 милиони долари, златен пиштол и луксузен Мерцедес

Седумнаесетгодишниот син на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, Адам Кадиров, се ожени со девојка по име Медни, за која се верува дека е роднина на пратеникот во Думата, Адам Делимханов, близок сојузник на Кадиров.
Свадбата траела три дена, од четврток до сабота, и се одржала во селото Ахмат-Јурт , родното место на семејството Кадиров.
Според неофицијални информации, Медни е ќерка на чеченскиот сенатор Сулејман Геремеев, исто така близок сојузник на Кадиров и роднина на Делимханов. Наводно, бракот бил склучен уште на 8 јуни 2024 година.
Подготовките за прославата траеле со месеци, а покани биле испратени и до делегации од Блискиот Исток, вклучувајќи го и амбасадорот на ОАЕ во Русија, Мохамед Ахмед Ал Џабер, кој го прекинал одморот во Абу Даби за да присуствува на настанот во Грозни, пишува „Новаја Газета“, повикувајќи се на извор од руското Министерство за надворешни работи.
Свадбата наводно била одложувана двапати, при што една од причините била желбата на Рамзан Кадиров неговиот син Адам да има приватна средба со претседателот на Русија, Владимир Путин. Се споменува и дека првично била планирана заедничка свадба со постариот син Зелимхан (Ели) минатото лето, но Кремљ тоа не го одобрил поради возраста на Адам.
Рамзан Кадиров преку својот канал на Телеграм соопшти дека претседателот Путин лично му честитал на семејството за свадбата, за што изразил „искрена благодарност“.
Сепак, најголемо внимание привлекоа луксузните детали: на раката на Адам Кадиров бил забележан скап часовник Jacob & Co. Billionaire Ashoka со 320 дијаманти, проценет на околу 27,7 милиони долари. Според пресметките на Марија Певчих од руската антикорупциска организација ФБК, просечен граѓанин на Чеченија би требало да работи повеќе од 1.500 години без да потроши ни денар за да може да си го дозволи тој часовник.
Командантот на специјалната единица „Ахмат“, Апти Алаудинов, исто така го привлекол вниманието со својот часовник, за кој се претпоставува дека е Badollet Observatoire 1872 Chronograph, со цена до 320.000 долари.
Видеа од свадбата го прикажуваат Адам Кадиров како вози специјална верзија на Mercedes G-класа, модел кој е забранет за увоз во Русија и чини околу 190.000 долари. На истите снимки се гледа и како пука со златен пиштол во воздух – што е забрането со рускиот закон, особено бидејќи се работи за малолетник и за употреба на вистинско оружје во свечени прилики.
Иако е малолетен, Адам Кадиров веќе извршува повеќе функции: тој е шеф на безбедносната служба на својот татко, од април 2025 година е секретар на Советот за безбедност на Чеченија и надзорник на Министерството за внатрешни работи и универзитетот за специјални сили. Тој е и носител на бројни државни одликувања и титулата Херој на Чеченската Република.
Регион
Зошто плажата Посиди важи за една од најопасните во Грција

Плажата Посиди се наоѓа на западниот брег на првиот прст на Халкидики – Касандра, отприлика на половина пат низ полуостровот. Се протега како ’рт што длабоко навлегува во морето и изгледа навистина магично на фотографии и снимки.
Но, зад таа убавина се крие и опасност. Посиди важи за една од најопасните плажи во Грција поради силните морски струи кои можат лесно да одвлечат пливачите, особено оние кои се неискусни или недоволно внимателни. Плажата е долга меѓу еден и два километри, и е дива – без кафулиња, лежалки и чадори, што ја прави уште поизолирана и потенцијално ризична.
Јавноста добро го памети трагичниот настан од пред три години, кога три млади момчиња од Македонија се капеа на оваа плажа и ги одвлекоа силните струи. Настанот се случил за време на забава на плажа, кога тројцата решиле да влезат во морето. Силниот ветер и морските струи ги повлекле. Едното момче било брзо пронајдено, второто – по дури 19 часа поминати во морето – било спасено благодарение на топка која ја носел ветрот, за која се држел сè до доаѓањето на спасувачите. Третото момче, за жал, никогаш не беше пронајдено, и покрај интензивната потрага.
Според грчкиот весник „Етнос“, освен Посиди, за особено опасни плажи во Грција важат и:
Лаларија (остров Скијатос),
Матала (остров Крит),
Нас (остров Икарија),
Хорефто (регион Пелион),
Платиа Амос (остров Кефалонија),
Калами (остров Китира).
На овие локации потребна е особена претпазливост, дури и кога морето изгледа мирно. Природата е убава, но мора да се почитува.