Свет
Кооснавачот на „Епл“ се сомнева дека тој е првиот пациент што го пренел коронавирусот во САД
Коосновачот на „Епл“, Стив Вознијак, објави дека тој и неговата сопруга би можеле да бидат првите пациенти што го пренеле коронавирусот во САД. Тој објави на „Твитер“ дека со сопругата Џенет биле на патување во Азија и дека се вратиле во САД на 4 јануари и дека ги имале симптомите на вирусот.
Вознијак за „Ју-ес-еј тудеј“ рекол дека тие не биле тестирани на коронавирус и не знаат дали го имале.
Checking out Janet’s bad cough. Started Jan. 4. We had just returned from China and may have both been patient zero in U.S. (@ West Coast Sports Institute in Santa Clara, CA) https://t.co/MRNHqithEU
— Steve Wozniak (@stevewoz) March 2, 2020
„Кога денес би ги имал истите симптоми, сигурно би бил тестиран на коронавирус и би бил ставени во карантин“, им рекол Вознијак на новинарите. Тој вели дека се јавил во Центарот за контрола и превенција на болести, но од таму го советувале да ги мие рацете и дека не сакале да го тестираат бидејќи и тој и Џенет веќе немаат никакви симптоми.
I have been through the same run-around with the CDC. I had all the right symptoms and had been in Hong Kong at the right time (returned home Jan. 4) but could never get a test. https://t.co/o7qPrShLgs
— Steve Wozniak (@stevewoz) March 3, 2020
Кога твитот на Вознијак вознемири многумина, тој рекол дека изразот нулти пациенти бил своевидна шега додавајќи дека тие имале и симптоми што не се карактеристични за коронавирусот. На неговата сопруга лекарите ѝ дијагноситицирале инфекција на синусите.
„Сега нема начин како да дознаеме дали сме биле заразени со коронавирус. Поминаа два месеца од инфекцијата и еден месец без симптоми“, рекол Вознијак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.
Свет
Национален штрајк на фармацевтите во Италија
Во Италија денес се одржува национален штрајк на фармацевтите од приватните аптеки – прв ваков протест во секторот. Учествуваат околу 60.000 фармацевти од повеќе од 18.000 аптеки, во организација на синдикатите CIGL и други здруженија.
Штрајкот е реакција на неуспешните преговори за нов колективен договор, истечен во август 2024 година. Синдикатите ја обвинуваат Федерфарма дека не ги признава растечките трошоци за живот и професионалниот напредок на фармацевтите.
Отворени ќе бидат само општинските и дежурните аптеки.

