Свет
Короната го откажа капењето на Путин за Богојавление

Рускиот претседател Владимир Путин, поради пандемијата на корона вирусот, денеска на празникот Богојавление нема да се нурне во ледената вода, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека претседателот на Русија ги послушал препораките на претставниците на црквата и дека нема да оди на Богојавленската бања, пренесува РИА Новости.
Путин традиционално се нурнува во ледената вода на Богојавление.
На Богојавление, верниците го слават денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, а на тој празник илјадници луѓе во Русија се капат во студените реки и езера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Апсење во Министерството за одбрана во Србија: уапсени три лица за јавна набавка во ВМА

По наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата, Воената полиција во Србија денеска уапси три лица под сомнение дека сториле различни кривични дела во врска со јавна набавка на медицинска опрема за ВМА, пренесуваат тамошните медиуми.
Сомненијата се дека на овој начин прибавиле финансиска корист на фирма од Белград од околу 100.000 евра.
Уапсен е раководителот на Одделот за квалитетен менаџмент, планирање и анализа на ВМА, М.С. (49), воен офицер на Секторот за здравство на Министерството за одбрана М.С. (51) и сопственик на две трговски друштва од Белград, М.Ш, соопшти обвинителството.
Осомничените се товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба, а М.С. (51) и кривичното дело примање поткуп.
Осомничениот М.Ш. се товари за кривичните дела злоупотреба на положбата одговорно лице, поткуп и злоупотреба во врска со јавните набавки.
Се сомнева дека М.С. (49) како раководител на Одделот за управување со квалитет, план и анализа на ВМА и М.Ш. (51) како референт за јавни набавки на Управата за здравство, од октомври 2023 година до април 2024 година, користејќи ја својата службена положба и овластување и со пречекорување на границата на службените овластувања, прибавиле финансиска корист за фирма од Белград и нејзиниот сопственик во износ од 11.754.120 динари.
На осомничените, според написите им е одреден притвор до 48 часа, а за тоа време ќе бидат спроведени на распит.
Српските медиуми потсетуваат дека пред десетина дена беше уапсен шефот на токсикологија Ј.С.Ј. поради сомнение дека со искористување на службената положба прибавила материјална корист за себе и за другите во износ од повеќе од три милиони динари.
Свет
Француски извори: Трамп сакаше да ја откаже средбата со Зеленски, Макрон реши сè

Односите меѓу украинскиот претседател Володомир Зеленски и претседателот на САД, Доналд Трамп се толку напнати што француските медиуми пишуваат дека американскиот претседател наводно размислувал целосно да ја откаже посетата, за да биде убеден од францускиот претседател Емануел Макрон да продолжи со тоа.
БФМТВ, повикувајќи се на дипломатски извор, објави дека тимот на Трамп вчера и кажал на Украина дека состанокот ќе биде откажан, поради што Зеленски разговарал со Макрон, кој интервенирал во негово име.
На крајот, поканата беше повторно на маса, а Зеленски се очекува да биде во Белата куќа подоцна денеска – но сигурно ќе има одредена нервоза, не само до почетокот на состанокот, туку и до неговото завршување, бидејќи има многу потенцијални прашања кои би можеле да ги попречат разговорите.
Свет
Во Италија уапсени 34 лица и извршени претреси во истрагата за детска порнографија

Италијанската полиција денеска соопшти дека уапсила 34 лица во земјата во рамките на истрагата за детска порнографија.
Се додава дека исто така биле извршени 100 претреси во 56 града, пренесува „Раи“.
Акцијата ја спроведува италијанската државна полиција во координација со Обвинителството во Катанија, а во акцијата учествувале повеќе од 500 полицајци, пренесува „Танјуг“.