Свет
Коронавирусот се појави и во Северна Кореја

Севернокорејските власти го потврдија присуството на коронавирусот првпат од почетокот на пандемијата, објави денеска новинската агенција КЦНА.
Пјонгјанг воведе карантин во целата земја со цел да се обиде да го контролира вирусот што циркулира на планетата веќе две години, објави АП.
Засега не е познато за колку случаи станува збор, а некои експерти сметаат дека Северна Кореја би можела да побара помош од странство.
КЦНА наведе дека тестовите во неделата покажале позитивни примероци кај луѓе што имале висока температура во Пјонгјанг, а исто така било потврдено дека биле заразени со сојот омикрон.
Како одговор на избувнувањето, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нареди остри мерки.
Северна Кореја ги одби вакцините што ѝ беа понудени преку програмата на Обединетите нации, „Ковакс“.
Оваа земја беше една од последните земји во светот без потврден случај на Ковид-19, пренесуваат светските агенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимитетот на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла можноста за одржување избори до крајот на војната.
Ова се случува по изјавите на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, кои сугерираа дека владеењето на Зеленски е нелегитимно бидејќи не се одржани избори во Украина.
Украинската Рада ја усвои резолуцијата на втор обид, откако вчера немаше доволно гласови за поддршка за нејзино усвојување, јавува „Еј-би-си њуз“.
Зеленски во неделата рече дека ќе се повлече ако тоа донесе мир во Украина, додавајќи дека тоа ќе го стори дури и ако тоа значи дека неговата земја ќе добие членство во НАТО.
Свет
Кремљ: Ја поздравуваме балансираната позиција на САД на гласањето во ОН

Кремљ го поздрави, како што рече, балансирниот став на САД за гласањето на Вашингтон во ОН, заедно со Москва, против резолуцијата за Украина подготвена од Киев и Европејците, со која се осудува рускиот напад врз земјата.
„Забележуваме дека САД усвојуваат многу поизбалансирана позиција која реално се концентрира на напорите насочени кон решавање на украинскиот конфликт“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Го поздравуваме тоа. Оваа избалансирана позиција сведочи за вистинската желба да се придонесе за решение“, додаде Песков.
Тој рече дека не гледа никакви знаци на рамнотежа меѓу Европејците кои ја поддржаа резолуцијата за Украина со која се осудува Москва, гласајќи против САД.
„Можно е по контактот меѓу Европејците и Американците, на еден или друг начин, Европа да гравитира кон поголема рамнотежа“, рече Песков.
Вчера, на третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, ОН гласаа за три резолуции за земјата во две нејзини тела – Генералното собрание и Советот за безбедност – во гласањето што сигнализираше пресврт на американската позиција по ова прашање.
Генералното собрание вчера усвои две резолуции, едната подготвена од Украина и европските земји, за кои САД гласаа против, заедно со Русија и 16 други земји, и другата предложена од САД, но која беше ставена на гласање со бројни амандмани за да вклучи осуда на Русија за конфликтот, а САД беа воздржани.
Потоа, САД го доставија својот оригинален текст на резолуцијата до 15-члениот Совет за безбедност на ОН, во кој се повикува на брз мир во Украина без упатување на нејзиниот територијален интегритет или осуда на Русија, и беше изгласана од САД и Русија, додека четири земји од ЕУ и Велика Британија беа воздржани. Ниту Франција, ниту Велика Британија, две од петте постојани членки на Советот за безбедност (другите две се САД, Русија и Кина), не ставија вето.
Свет
Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија верува во себе и за да се зборува за доверба во Соединетите Американски Држави (САД), мора да се помине долг пат. „Мораме да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба“, им рече Песков на новинарите, пренесе агенцијата РИА.
Тој нагласи дека лидерите на Америка покажале политичка волја да го обноват дијалогот со Русија, кој беше „практично спуштен на нула“ за време на претходната администрација.
Преземени се мерки за нормализирање на дијалогот, пред се нормализација на работата на нашите дипломатски ресори на реципрочна основа“, рече Песков.
На прашањето на новинарите да ги коментира наводните планови за распоредување мировни сили во Украина, тој нагласи дека разговорите за можни заеднички проекти меѓу Америка и Русија и економската соработка меѓу двете земји ќе дојдат откако ќе се реши ситуацијата во Украина.
„Ќе има време да се разгледаат можните проекти за трговска, економска и инвестициска соработка. Има многу широки изгледи за тоа“, рече Песков.
Тој оцени дека пристапот на ЕУ кон Украина може да се промени по контактот меѓу Америка и Европа.
„Изјавите на Европејците од Киев сè уште не даваат сигнали за балансиран пристап, но можеби врз основа на резултатите од контактите меѓу Европејците и Американците, Европа некако ќе гравитира кон поголема рамнотежа“, рече тој, пренесе Танјуг.