Контакт

Свет

Кралицата Елизабета за првпат објави фотографии на „Инстаграм“

Објавено пред

„Инстаграм“ има нова кралица. Кралицата Елизабета II за првпат објави фотографии на оваа популарна социјална мрежа за да ја одбележи новата изложба во Научниот музеј на Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

Таа постираше две фотографии од писмо напишано од Charles Babbage „првиот светски компјутерски пионер”, за нејзиниот прапрадедо принцот Алберт во 1842 година, коишто ги видела на изложбата во музејот. Кралицата ги објави фотографиите од нејзиниот ајпад на официјалниот профил на кралското семејство на„Инстаграм“, кој има 4,6 милиони следбеници.

 

View this post on Instagram

 

Today, as I visit the Science Museum I was interested to discover a letter from the Royal Archives, written in 1843 to my great-great-grandfather Prince Albert.  Charles Babbage, credited as the world’s first computer pioneer, designed the “Difference Engine”, of which Prince Albert had the opportunity to see a prototype in July 1843.  In the letter, Babbage told Queen Victoria and Prince Albert about his invention the “Analytical Engine” upon which the first computer programmes were created by Ada Lovelace, a daughter of Lord Byron.  Today, I had the pleasure of learning about children’s computer coding initiatives and it seems fitting to me that I publish this Instagram post, at the Science Museum which has long championed technology, innovation and inspired the next generation of inventors. Elizabeth R. PHOTOS: Supplied by the Royal Archives © Royal Collection Trust / Her Majesty Queen Elizabeth II 2019

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily) on

Кралицата Елизабета, 92, го посети Кенсингтон музејот за да го најави новата изложба, наречена Топ сикрет: Од шифри до сајбер-безбедност, која ја истражува употреба на технологијата во националната безбедност во Британија во текот на изминатите 100 години.

„Денеска имав задоволството да научам за иницијативите за кодирање на компјутерите за деца, и ми се чинеше соодветно да го објавам овој пост на ‘Инстаграм’, во Научниот музеј кој се залага за технологија, иновации и е инспирација за следната генерација пронаоѓачи”, напиша кралицата. Нејзината објава имаше повеќе од 20 000 ,,лајка” за само два часа.

Свет

Макрон: Во тек се технички подготовки за директни разговори меѓу Европа и Русија

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека се во тек подготвителни работи за повторно воспоставување директни разговори меѓу Европа и Русија за војната во Украина, додавајќи дека е важно Европејците да ги обноват своите комуникациски канали, но дека Русија не покажува подготвеност да постигне мировен договор со продолжување на бомбардирањето на Украина.

dobivaj vesti na viber

„Мора да биде подготвена, затоа се во тек технички разговори за да се овозможи тоа“, рече Макрон како одговор на новинарско прашање за неговиот повик од декември за обновување на преговорите со рускиот претседател Владимир Путин, пишува бриселски „Политико“.

Макрон истакна дека е важно Европејците да ги обноват своите канали за комуникација со Русија, нагласувајќи дека подготовките се одвиваат на техничко ниво.

Тој додаде дека сите разговори со Путин мора да бидат координирани со претседателот на Украина Володимир Зеленски и неговите „клучни европски колеги“, нагласувајќи ја улогата на таканаречената „Коалиција на волјата“, која ги собира земјите што ја поддржуваат Украина.

Францускиот претседател, сепак, оцени дека со продолжувањето на бомбардирањето на Украина, Русија не покажува подготвеност за постигнување мировен договор.

„Пред се, денес продолжуваме да ја поддржуваме Украина, која е под бомби, на студ, со руски напади врз цивили и украинска енергетска инфраструктура, што е неприфатливо и не покажува вистинска волја за мировни преговори“, рече Макрон, според Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО бара да се обезбедат пари за итни здравствени случаи

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) бара да се обезбедат една милијарда долари за здравствени итни случаи оваа година.

dobivaj vesti na viber

Чиквез Ихеквезу на прес-конференција во Женева изјави дека апелот за обезбедување пари е помал од минатата година, бидејќи финансирањето од донаторите се намалува, објави Ројтерс.

„Се фокусираме на оние на кои им е најпотребно, каде што можеме да спасиме најмногу животи“, истакна Ихеквезу. Според него, средствата ќе бидат насочени кон 36 итни здравствени ситуации, вклучувајќи ги Газа, Судан и Украина.

„Длабоко сме загрижени за огромните потреби и како ќе ги задоволиме“, додаде тој. Ихеквезу негираше дека СЗО целосно ќе се повлече од каква било криза.

„Она што го направивме е дека, во секој од тие контексти, можеби не направивме толку колку што би сакале“, рече Ихеквезу.

Соединетите Американски Држави официјално ја напуштија СЗО на 22 јануари, откако ја обвинија глобалната здравствена агенција за справувањето со пандемијата Ковид-19. Во минатото, САД беа главен донатор за здравствените вонредни состојби на СЗО, кои се потпираат на доброволни донации и на нејзиниот поширок буџет, кој делумно се базира на задолжителни членарини.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Шпански „Ф-18“ пресретнал руски „Су-30“ со необично оружје над Балтикот

Објавено пред

Шпанските борбени авиони Ф-18М Хорнет пресретнаа, за време на неодамнешната мисија, руски авион што носел необичен борбен товар за време на операциите над балтичкиот регион.

dobivaj vesti na viber

Шпанското Министерство за одбрана објави детали за мисијата што ја извршија авионите распоредени во Литванија како дел од мисијата на НАТО.

Шпанските „Хорнети“ пресретнаа неодреден број руски борбени авиони што летаа над меѓународни води во близина на воздушниот простор на НАТО, пренесуваат светските медиуми.

Според написите, врз основа на фотографиите објавени од Министерството за одбрана на Шпанија, еден од руските авиони бил „Су-30СМ2“, според „Авиејшист“, цитиран од „Вечерњи лист“.

Иако авионите „Су-30СМ“ не се ретки во меѓународниот воздушен простор над балтичкиот регион, пресретнувањето го прави необичното борбено оптоварување на руските авиони особено интересно.

Речиси во исто време, руската државна новинска агенција Тас објави дека борбените авиони и бомбардерите на Балтичката флота учествувале во планирани вежби што вклучувале прецизни напади врз копнени цели.

Според тој извештај, екипажите на „Су-30СМ2“, повеќенаменските ловци и бомбардерите „Су-24М“ вежбале мисии на огнена поддршка, воздушно извидување и прецизно бомбардирање на полигонот за обука во источниот дел од Калининградската област.

Дополнително, биле вежбани борбени маневри и избегнување на симулирани непријателски ловци и противвоздушни системи.

Русија не го поврза директно пресретнатиот „Су-30СМ2“ со овие вежби, но извештајот на Тас ја отвора можноста авионот забележан над Балтичкото Море да бил дел од поширока активност, а не од независна патрола или демонстрација на сила, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија55 минути

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија3 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион4 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија4 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија4 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија5 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет7 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа8 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет9 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа9 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет9 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет9 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија10 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија23 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...