Свет
Крвав викенд во Балтимор: 12 застрелани, пет мртви

Во осум одделни пукања во текот на викендот, пет лица загинаа во Балтимор, вo американската држава Мериленд, додека седум беа повредени, соопштија локалните власти.
Градот минатата година регистрирал 348 убиства, јави „АП“.
Со повеќе од 300 убиства што се случуваат во Балтимор веќе петта година по ред, минатата 2019 година беше година со најмногу насилство кај населението.
Претседателот на градскиот совет, Брендон Скот, го осуди насилството и рече дека мора да престане.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Џеј Ди Венс пристигна во Индија

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во понеделникот ја започна четиридневната посета на Индија за да се сретне со премиерот Нарендра Моди, додека Њу Делхи се обидува да избегне високи американски царини со предвремениот трговски договор и да ги зајакне врските со администрацијата на Трамп.
Нивните разговори ќе се одржат на првиот ден од главно приватната посета на Венс на земјата со неговото семејство, која вклучува обиколка на Таџ Махал и присуство на венчавка, рекоа луѓе запознаени со ова прашање.
Сопругата на Венс, Уша, е ќерка на индиски имигранти.
Венс слета на аеродромот Палам во Њу Делхи во понеделникот по посетата на Рим, каде имаше приватна средба со папата Франциско за Велигден.
Се очекува Моди и Венс да го разгледаат напредокот на билатералната агенда наведена во февруари кога индискиот лидер се сретна со претседателот Доналд Трамп во Вашингтон.
Ова вклучува „праведност“ во нивната двонасочна трговија и развивање на нивното одбранбено партнерство.
Индискиот премиер беше еден од првите светски лидери што се сретна со Трамп откако тој ја презеде функцијата, а Ројтерс објави дека неговата влада е отворена за намалување на царините за повеќе од половина од американскиот увоз, кој изнесуваше вкупно 41,8 милијарди долари во 2024 година, како дел од трговскиот договор.
Сепак, американскиот претседател продолжи да ја нарекува Индија „злоупотребувач на тарифи“ и „крал на царината“.
Европа
Предупредување за воздушни напади во Украина неколку часа по завршувањето на велигденскиот прекин на огнот

Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“.
Украинските воздухопловни сили предупредија на заканата од руски воздушни напади во пограничниот регион Суми, како и во Харков, Запорожје, Доњецк и Днипро.
Експлозии се забележани на повеќе локации, иако засега нема информации за штети или жртви.
Рускиот претседател Владимир Путин на Велигден еднострано прогласи 30-часовен прекин на огнот, кој траеше до полноќ по московско време.
Москва и Киев разменија обвинувања за прекршување на примирјето, а двете страни пријавија масовни напади со беспилотни летала и артилериски напади.
Вашингтон рече дека ќе го поздрави продолжувањето на прекинот на огнот, а претседателот Володимир Зеленски повеќе пати ја повтори подготвеноста на Украина да ги запре нападите 30 дена во војната.
Но, Путин, кој ја започна руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, не издаде наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот.
Свет
Кина: Цврсто ќе се спротивставиме на секој што ќе постигне договор на штета на Кина

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но цврсто ќе се спротивстави на секој што ќе постигне договор на штета на Кина, соопшти кинеското Министерство за трговија.
Кина „ќе преземе контрамерки на решителен и реципрочен начин“ доколку која било земја бара такви договори, рече министерството, осврнувајќи се на веста дека администрацијата на Трамп се подготвува да изврши притисок врз други земји да ја ограничат трговијата со Кина во замена за ослободување од царини од САД.
Кина е одлучна и способна да ги заштити сопствените права и интереси, додаде кинеското министерство.