Свет
Кремљ се огласи за паричната казна за „Гугл“ од 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари

Властите во Русија денеска објавија дека огромната казна од 2,5 квинтилиони долари што му ја изрекоа на „Гугл“ од московскиот суд е првенствено симболичен гест што треба да ја поттикне американската технолошка компанија да ги укине ограничувањата за емитување на руските државни канали на „Јутуб“.
Казната што „Гугл“ треба да ја плати е поголема од вкупната сума на пари во целиот свет, пренесува „Гардијан“.
„Не можам ни да ја изговорам оваа бројка, но веројатно е симболична“, изјавил за руските новински агенции портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, казната треба да го поттикне „Гугл“ повеќе да не го ограничува функционирањето на руските радиодифузери.
„Јутуб“ сè уште е достапен во Русија, но властите во Москва се заканија дека ќе го отстранат од мрежата поради забраната за содржина од државните руски медиумски компании.
Руските судови во повеќе наврати го казнија „Гугл“, сопственикот на платформата „Јутјуб“, а казната се зголемува секој ден додека компанијата не ги исполни барањата на Москва, додава британскиот весник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.