Свет
Криптоменувачница во Хонг Конг под истрага, користеле инфлуенсери и измамиле илјадници луѓе
Полицијата во Хонг Конг ги истражува наводите за измама против платформата за тргување со криптовалути, JPEX, кога инвеститорите се пожалија на загуби од 166 милиони долари.
Оваа недела 11 лица, меѓу кои и популарни инфлуенсери, беа уапсени кога 2.000 луѓе поднеле жалби.
Ова би можело да биде еден од најголемите случаи на измама во Хонг Конг, наведуваат локалните медиуми, а пренесува Би-би-си. Тоа може да биде и тест за новите финансиски регулативи бидејќи Хонг Конг се позиционира како глобален центар за виртуелни средства.
Минатата недела Комисијата за хартии од вредност на Хонг Конг откри дека JPEX со седиште во Дубаи работи без лиценца за тргување со виртуелни средства.
JPEX рече дека се обидува да ја усогласи работата со локалниот закон што стапи во сила во јуни оваа година, но Комисијата ја отфрли таа реторика. Многу од подносителите се неискусни инвеститори, на кои им ветиле високи приноси, соопшти полицијата.
Некои операции за тргување со криптовалути на JPEX се затворени по апсењата, а градските власти се чини дека го блокирале пристапот до интернет. Платформата вели дека работи на решавање на недостигот на ликвидност бидејќи некои корисници се пожалија дека не може да ги повлечат своите средства.
Главниот извршен директор во Хонг Конг, Џон Ли, рече дека регулаторите „внимателно ќе ја следат ситуацијата и ќе обезбедат дека инвеститорите се доволно заштитени“.
„Овој инцидент ја нагласува важноста дека кога инвеститорите сакаат да инвестираат во виртуелни средства, тие мора да инвестираат во платформи што се лиценцирани“, им рече тој на новинарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

