Свет
Куба сака цивилизиран однос со САД
Кубанската влада сака цивилизиран однос со САД и покрај ембаргото наметнато во 1962 година, изјави во неделата кубанскиот претседател, Мигел Дијаз-Канел.
Во изјавата за кубанските новинари, претседателот Дијаз-Канел, по пристигнувањето во Њујорк, рече дека во својот говор пред Генералното собрание на ОН ќе го осуди трговското, економското и финансиското ембарго на Вашингтон велејќи „тоа не успеа и така ќе биде и понатаму“.
Хавана сака со САД цивилизиран однос и покрај идеолошките разлики, додаде тој. Но, владата на претседателот на Доналд Трамп, која сериозно го кочи зближувањето договорено на крајот од 2014 година, е администрација со која е тешко да се воспостави рамноправен однос.
Неговиот говор, закажан за 26 септември, 58 години по првиот говор на Фидел Кастро на истата говорница, ќе биде прв говор пред меѓународната заедница на кубанскиот претседател, кој на 19 април ги наследи браќата Фидел и Раул Кастро.
Генералното собрание на ОН ќе гласа за еден месец за резолуцијата, необврзувачка, која повикува на ставање крај на ембаргото, како и секоја година од 1991 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја
Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен напад, оставајќи многу населби без електрична енергија.
Нападите ги исклучија електраните Зуивска и Старобешево, а тимови за итни случаи беа распоредени за да ја санираат штетата.
Само еден ден претходно, Пушилин рече дека украинските напади со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на регионот оставиле околу 500.000 луѓе без електрична енергија.
Украинската страна не го потврди нападот. Во последните недели, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала со долг дострел врз енергетската инфраструктура во делови од Донецк контролирани од Русија, со цел да се поткопа способноста на Русија да ја продолжи војната.
фото: принтскрин
Регион
Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува
Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење.
Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде кај зградата утрово.
„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се обнови“, рече Томашевиќ.
Засега нема опасност од уривање, додаде тој. „Најважно е што нема жртви и безбедноста на пожарникарите е најважна“, додаде тој.
фото: принтскрин
Регион
Хрватски министер за пожарот во облакодерот: „Не знаеме која е причината“
Во близина на облакодерот „Вјесник“ во Загреб, кој гори повеќе од шест часа, се најде и хрватскиот министер за градежништво Бранко Бачиќ, но, како што објави Индекс.хр, тој не бил расположен да даде изјава, а на новинарот му кажал само дека за пожарот знае само она што досега е познато.
„Сè уште не знаеме што го предизвикало пожарот“, рече Бачиќ.
Кратко пред полноќ, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а бидејќи се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење. Според моменталните информации, во моментот на пожарот немало никој во зградата.
93 пожарникари со 30 возила го гаснат пожарот.
„Пожарот е сè уште активен и се шири низ конструктивните отвори. Поради зголемената опасност, пожарникарите се повлечени од внатрешната. Сите станици се испразнети и се пополнуваат со резервни сили“, соопшти Јавната противпожарна служба на Град Загреб.
фото: принтскрин

