Свет
Кукла со ликовите на Мадуро и Путин запалена во Каракас

Кукла направена од стари партали со четири глави, слики на политичари, од кои двајца беа венецуелскиот претседател Николас Мадуро и рускиот Владимир Путин, беше запалена во Каракас за време на „палењето на Јуда“, велигденска традиција во Венецуела.
Во недела на Велигден во Венецуела е вообичаено да се запали Јуда, фигура што го означува Јуда Искариот, кој го предал Исус.
Со текот на годините, стана вообичаено да се запали кукла која изгледа како политичар или омразена личност. Овогодишната марионета на Јуда имаше четири лица, слики на локални политичари и руски лидер.
„Го палиме предавството, палиме тортура, палиме диктатура и палиме војна“, рече Карлос Џули Сојас, кој запали оган под кукла опкружена со околу 30 луѓе, некои носеа транспаренти со антивладини слогани.
Овој „Јуда“ беше наречен „синовите на Владимир Путин: Мадуро, Мелендез и Реверол“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Разни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека 20-ина проектили биле лансирани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави израелски воен претставник за Би-би-си, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле отворени области.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад, кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на многубројни цели во Израел, со што почна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација