Свет
Кучиња-душкачи уловиле затвореник кој шверцувал проголтана дрога во италијански затвор

Италијански затвореник кој има дозвола за куса посета на семејството за Божиќ надвор од затворот подоцна бил уловен во обид да прокриумчари дрога што ја проголтал, пренесува „Локал“. Инцидентот се случил во неаполскиот затвор „Секондиљано“непосредно пред Нова Година.
Затвореникот имал проголтано неколку капсули исполнети со хашиш смола, но двете полициски кучиња, Игор и Цезар, го идентификувале за време на претресот на затворот пред тој да има време да ја дистрибуира дрогата.
Во затворот „Секондиљано“, кој е со максимална безбедност, има над 1.300 затвореници и се наоѓа во дел од јужниот италијански град Неапол, во кој има висока стапка на криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Еден од двата најголеми аеродроми во Брисел евакуиран поради закана за бомба

Аеродромот во Брисел South Charleroi, еден од двата главни аеродроми во белгиската престолнина, е повторно отворен откако утрово целиот воздушен сообраќај беше прекинат поради закана за бомба на лет на „Рајанер“ од Португалија.
Како што објавија белгиските медиуми, сите дојдовни и појдовни летови беа запрени неколку часа откако на летот од Фаро непосредно пред 11 часот беше примена закана за бомба.
Авионот веднаш бил пренасочен кон затскриено подрачје на аеродромот, а властите воспоставиле безбедносен периметар во радиус од 500 метри.
Терминалот не беше евакуиран бидејќи се наоѓа надвор од безбедносната зона.
Полицијата изврши безбедносни проверки и утврди дека нема опасност, па затоа беше одлучено дека воздушниот сообраќај може да продолжи.
„Пистата повторно се отвори во 13:45 часот и летовите се обновени“, објави аеродромот на Фејсбук.
И покрај ова, се очекуваат доцнења на летовите во текот на попладневните часови.
Регион
Парламентот во Бугарија одби воведување на еврото

Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за организирање референдум за воведување на еврото, велејќи дека тоа е спротивно на уставот, објави бугарската новинска агенција БТА.
Радев предложи одржување референдум за воведување на еврото следната година.
„Дали се согласувате дека Бугарија треба да ја воведе единствената европска валута „евро“ во 2026 година?“ е прашањето што би се поставило.
Владата го критикуваше ова, а еден министер рече дека тоа е обид за саботирање на нејзините напори за воведување на еврото.
Враќајќи го предлогот, Киселова рече дека тој е неконзистентен со неколку членови од бугарскиот устав и договорите на ЕУ, како и со одлуката на бугарскиот Уставен суд.
Бугарскиот Уставен суд претходно го отфрли барањето за организирање референдум за воведување на еврото.
Бугарската влада планира да го воведе еврото во јануари доколку Европската комисија и Европската централна банка во јуни оценат дека земјата ги исполнила сите критериуми.
Свет
Америка потврди: Ако дојде Путин, доаѓа и Трамп

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат на пристигнување на Владимир Путин на преговорите во Истанбул. Ако тоа се случи, рече тој, самиот претседател Трамп ќе дојде.
„Сакаме да постигнеме сеопфатен прекин на огнот во Украина, а дури потоа да ги отвориме прашањата за територијата“, изјави Келог за „Фокс бизнис“.
Американските медиуми претходно објавија дека одлуката на Трамп да дојде во Истанбул зависи од тоа дали Путин ќе се појави на разговорите.
Администрацијата на Трамп потврди претходно денес дека ќе ги испрати Келог и Стив Виткоф во Турција за да ги претставуваат САД во потенцијалните преговори меѓу Русија и Украина.