Контакт

Свет

Лавров: ЕУ изгуби над 100 милијарди евра поради сопствените антируски санкции

Објавено пред

ЕУ се казнува себеси со тоа што ги спроведува наредбите на Вашингтон и ја санкционира Русија, вели рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Иако рестриктивната политика не им штети на САД, ЕУ претрпува милијарди во загуби.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, Лавров се пожали на лошата состојба на односите ЕУ-Русија, опишувајќи ги како далеку од нормални. Поделбите се разгоруваат од преку океанот, рече тој.

„Митската руска закана им е наметната на Европејците првенствено од надвор. Санкциите од европските земји врз Русија беа наметнати по директна наредба од Вашингтон”, вели Лавров.

Но САД не ги чувствуваат негативните ефекти од политиката што ја спроведуваат, за разлика од ЕУ.

„Проценките за загубите што ги имаат земјите-членки на ЕУ поради санкциите варираат, а според некои проценки би можеле да изнесуваат повеќе од 100 милијарди евра. Важно е европските политичари да го разберат ова”, рече Лавров.

Русија, која мораше да се одмазди со соодветни контрамерки, е подготвена да ги укине ограничувањата што ги наметна на европските стоки во 2014 година.

„Ние постојано зборувавме за нашата подготвеност да ги укинеме контрамерките. Сепак, ЕУ мора да го направи првиот чекор. Се надеваме дека на крај ќе преовлада здравиот разум бидејќи, објективно гледано, санкциите не се од корист ниту за Русија, ниту за ЕУ”, рече Лавров. .

ЕУ ѝ наметна низа економски санкции на Русија поради повторното обединување со Крим кое следеше по државниот удар во Киев и последователната граѓанска војна во источна Украина. Санкциите се насочени кон руската воена и банкарска индустрија како и кон високи владини претставници, бизнисмени и политичари.

ЕУ во неколку наврати ги продолжи санкциите. Во јули, Советот на ЕУ ги продолжи санкциите за руската економија до февруари 2019 година, а во септември ги продолжи ограничувачките мерки против 155 лица и 44 лица.

Во меѓувреме, се повеќе истакнати личности зборуваат во корист на укинување на ограничувањата. Минатата недела, поранешниот француски претседател Николас Саркози изјави за медиумите дека санкциите се контрапродуктивни и служат само за отуѓување на Москва и нејзино приближување кон Кина.

Свет

Украина демантира вмешаност во атентатот врз рускиот генерал

Објавено пред

Украина не стои зад обидот за атентат врз генерал-полковник Владимир Алексеев, прв заменик-шеф на руската воена разузнавачка служба (ГРУ), изјави заменикот на украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, за „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

„Не знаеме што точно се случи со тој генерал, можно е да станува збор за внатрешен конфликт во Русија“, изјави Сибиха.

Изјавата уследи откако руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека Украина стои зад нарачката за обидот за убиство. Според ФСБ, осомничениот напаѓач, кој пукал во генералот во Москва, бил уапсен во Дубаи и идентификуван како Љубомир Корба – руски државјанин роден во украинскиот регион Тернопил. Наводно, тој делувал по налог на украинската служба за безбедност и веќе бил екстрадиран во Москва.

ФСБ тврди и дека идентификувала двајца соучесници – руски државјани. Едниот, Виктор Васин, бил уапсен во Москва, а другата, Зинаида Серебрицкаја, побегнала во Украина.

Истражувачкиот новинар од „Инсајдер“, Христо Грозев, објави дека Васин работел за фирма поврзана со ФСБ, која произведува надзорни алатки. Според него, станува збор за компанијата „НТЦ Атлас“, подружница на државниот воено-индустриски гигант Ростех.

Алексеев, роден во 1961 година во тогашна советска Украина, е прв заменик-шеф на ГРУ од 2011 година. На 6 февруари Кремљ потврди дека бил нападнат со огнено оружје, а ден подоцна државните медиуми објавија дека преживеал операција и е во свест.

САД му воведоа санкции во 2016 година за организирање на сајбер напади за време на претседателските избори во кои победи Доналд Трамп. Бил и одликуван со титулата Херој на Руската Федерација.

Алексеев го обвинуваа и Велика Британија и ЕУ за организирање на нападот со хемиско оружје врз двојниот агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка во Солсбери, 2018 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: Неуспесите на бојното поле Киев ги заменува со терористички напади врз Русите

Објавено пред

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека, свесен за сопствената неспособност да постигне резултати на фронтот, „киевскиот режим“ ги надоместува неуспесите со терористички напади врз цивили во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Онаму каде што сфаќаат – а секако сфаќаат – дека не можат да постигнат резултати на бојното поле, тие неуспеси ги компензираат со терористички напади врз цивили и цивилна инфраструктура“, изјави Захарова за телевизијата „Русија 1“, пренесе ТАСС.

Таа нагласи дека Русија отсекогаш ги гледала таквите напади како дел од хибридната војна што, според неа, ја води Киев.

Прикажи повеќе...

Свет

Оставка во кабинетот на британскиот премиер поради поврзаност со Епстин

Објавено пред

Шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, Морган Максвини, денеска соопшти дека поднел оставка, откако признал дека дал совет за назначување на Питер Менделсон за амбасадор во САД — лице што било во комуникација со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

dobivaj vesti na viber

Според „Ројтерс“, Менделсон бил именуван во 2024 година, но објавените досиеја на американското Министерство за правда откриваат обемна комуникација меѓу него и Епстин. Тоа предизвика најголема политичка криза за Стармер од неговото доаѓање на власт.

Максвини, еден од најблиските соработници на премиерот, призна дека бил директно вклучен во процесот и изјави:

„Одлуката за именување на Питер Менделсон беше погрешна. Тој ѝ нанесе штета на нашата партија, на земјата и на довербата во политиката. Преземам целосна одговорност за тој совет.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија2 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија4 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија5 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија8 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура9 часа

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет9 часа

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет21 час

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија1 ден

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија1 ден

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија1 ден

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет1 ден

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет1 ден

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија1 ден

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија1 ден

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија2 дена

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...