Свет
Лавров и Блинкен утре во Женева – продолжуваат преговорите за безбедносните гаранции
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, утре, ќе се сретнат во Женева, потврди руското Министерство за надворешни работи.
Главна тема на средбата ќе бидат натамошните чекори по прашањето за преговорите за безбедносните гаранции.
Тие разговараа и телефонски пред два дена кога Лавров, во контекст на ситуацијата во југоисточна Украина, го повика државниот секретар да не шири шпекулации за наводната претстојна руска агресија, туку да ги принуди властите во Киев целосно да ги спроведат договорите од Минск.
Блинкен вчера беше во Украина, каде што разговараше за актуелната ситуација со претседателот Владимир Зеленски и министерот за надворешни работи, Дмитриј Кулеб.
Се очекува тој да престојува и во работна посета на Берлин и да се сретне со неговата германска колешка Аналена Бербок, која во вторникот разговараше со Лавров во Москва.
Во последните месеци Западот ја обвинува Русија дека наводно подготвува инвазија на Украина и дека Москва значително го зголемила своето воено присуство во близина на границите со Украина.
Разговорите на оваа тема се одржаа минатата недела на три нивоа – Русија – САД, Русија – НАТО и со претставници на ОБСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку три лица загинаа, а девет се повредени во напад со нож и димна бомба во Тајпеј
Најмалку три лица загинаа, а девет се повредени кога маж вооружен со нож и димна бомба денеска нападна граѓани во Тајпеј, соопштија градските власти.
Осомничениот подоцна загинал по пад од зграда на трговски центар, пренесе Асошиејтед прес (АП).
Полицијата соопшти дека осомничениот бил прогласен за мртов во болница откако скокнал од шестиот кат на зградата, објави Централната новинска агенција на Тајван.
Осомничениот, идентификуван како 27-годишниот Чанг Вен, фрлил димна бомба во близина на подземен излез од метро-станицата Тајпеј Мејн, во близина на главната железничка станица, што предизвикало паника и бегство на пешаците, објавија локалните медиуми.
Потоа се упатил кон север, во популарна шопинг-зона, каде со нож нападнал повеќе лица на првиот и четвртиот кат од стоковната куќа „Еслит“, при што најчесто им нанесувал убодни рани во пределот на вратот, наведува агенцијата, повикувајќи се на полицијата.
Локалните болници потврдија три смртни случаи, додека градските власти соопштија дека уште девет лица се хоспитализирани, од кои едно е во тешка состојба.
Чанг во ноември 2024 година не се одѕвал на обуката на резервниот состав на војската и бил баран поради кршење на законот за задолжителна воена служба, пренесе агенцијата.
Како што се наведува, тој не пријавил промена на местото на живеење, поради што повикот за резервна воена обука не му бил доставен, објави агенцијата, повикувајќи се на канцеларијата на окружното обвинителство.
pexels
Свет
(Видео) Експерт за говор на телото: Меланија Трамп е видливо фрустрирана
По објавувањето на трејлерот за документарецот „Меланија“, експерт за говор на телото оценува дека Меланија Трамп е фрустрирана од улогата во сенка додека нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, ја привлекува целата медиумска внимателност, пишува „Унилад“.
Документарецот на „Амазон“ ја следи Меланија во деновите пред инаугурацијата на Трамп во јануари 2025 година и прикажува како ги координира подготовките и се справува со транзицијата во Белата куќа. Филмот, кој во кината доаѓа на 30 јануари, ѝ донел околу 40 милиони долари заработка.
Експертот Дарен Стентон вели дека во трејлерот Меланија делува самоуверено и моќно, со јасен говор на телото, стабилен поглед и контролирани движења, но забележува и моменти на фрустрација, особено во сцена во која разговара телефонски со сопругот.
Според него, документарецот претставува стратешки чекор за градење сопствен идентитет и подготовка за живот по Белата куќа, надвор од политичката кариера на Доналд Трамп.
Depositphotos
Свет
Силен земјотрес го погоди Иран
Иран денеска го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 47 километри и на оддалеченост од 51 километар од градот Гераш.
Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета, пренесе Танјуг

