Свет
Лавров: Никогаш нема да прифатиме свет во кој доминираат САД

Западот ќе ги заостри санкциите кон Русија, но Москва е навикната на тоа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Тој исто така нагласи дека Русија повеќе нема илузија дека може да се потпре на Западот
„Притисокот на санкциите ќе продолжи, тие сега се закануваат со петтиот бран санкции по што може да има нов бран санкции. Навикнати сме на тоа“, изјави Лавров за РТ, а пренесува „РИА новости“.
Тој додаде дека Русија може да се потпре само на себе и на преостанатите сојузници, но дека повеќе нема илузии за Западот. Ги загубивме сите илузии дека некогаш можеме да се потпреме на Западот“, рече Лавров.
Лавров рече дека Москва никогаш нема да прифати свет во кој доминираат САД, кои сакаат да се однесуваат како глобален шериф.
Лавров рече дека САД сакаат светот да изгледа како американски салон, во кој Американците ќе одредат што треба да се направи, додава „Ројтерс“.
Тој додаде дека има многу земји што не сакаат да добиваат нарачки од „чичко Сем“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) Откажани стотици летови и затворени јавни паркови во Кина поради силните ветрови и заканата од песочна бура

Пекинг откажа стотици летови и ги затвори јавните паркови поради силните ветрови и заканата од песочни бури.
Некои делови од земјата ги забележаа своите најмоќни ветрови во последниве 75 години, со брзина до 148 км на час.
Невремето собори стотици дрвја, коштетени се автомобили и постари домови низ главниот град на Кина.
Двата огромни меѓународни аеродроми, Пекинг Капитал и Даксинг, откажаа 693 летови до 14 часот по локално време, со предупредувања за лоши временски услови на патот, особено во северниот дел на земјата и покрај крајбрежните области.
Повеќе летови и возови беа откажани во другите делови на Кина.
Откажани се и фудбалските натпревари и другите настани на отворено.
Регион
(Видео) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале преминот на автобусите со приврзаници на СНС на пат кон митингот во Белград.
Студенти и граѓани седнаа на коловозот во обид да го блокираат минувањето на автобусите, но полицијата, според видеата објавени на социјалните мрежи, насилно интервенирала и почнала да ги отстранува од улицата, пишува Нова.
Насобраните извикуваа: „Срам ви е?“, „Срам да ви е“, додека полицајци, како што може да се види на видео снимките, влечеа некои граѓани за раце и за нозе.
Полицијата ја отстрани толпата од коловозот и дозволи автобусите да поминат.
Додека возилата поминуваа, граѓаните и студентите со негодување и свирежи им викаа „Чаци“.
Регион
Паралелни собири во Србија: студентите во Нови Пазар, власта во Белград

Во Србија денеска ќе се одржат два паралелни собири – еден во организација на студентите и друг во организација на власта.
Студенти и граѓани пешачејќи и возејќи велосипед од Ниш синоќа пристигнаа во Нови Пазар каде денеска се одржува 12-часовниот голем собир „Слободата владее со чаршијата“. Предвидено е да започне во 11 часот пред Државниот универзитет и да трае до 23 часот. На студентите синоќа им беше приреден спектакуларен пречек, а како подарок на градот донесоа бел гулаб, симбол на мирот. Кон Нови Пазар организирано се упатија и граѓани од Крагуевац, но и моторџии од Војводина и Белград.
Паралелно, во Белград се одржува собирот под мото „Не ја даваме Србија“. Програмата ќе започне околу 13 часот, а централниот собир е пред Народното собрание во 19 часот.