Свет
Лавров: Русија не е виновна, подготвени сме за соработка со Велика Британија
Москва е подготвена да соработува со Велика Британија за труењето на поранешниот член на руската разузнавачка агенција доколку Лондон ги исполни своите обврски во рамките на конвенцијата за хемиско оружје. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.
„Русија не е виновна, ние сме подготвени да соработуваме ако Обединетото Кралство ги исполни своите меѓународни обврски врз овој документ“, изјави првиот дипломат на Москва за новинарите.
Вчера британската премиерка, Тереза Меј, ја обвини Русија дека, најверојатно, таа стои зад труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка бидејќи биле отруени со гас чиј тип бил развиен во Русија. Меј ѝ постави на Русија ултиматум до полноќ да објасни како бил отруен поранешниот шпион во Салсбери, инаку таа ќе заклучи дека се работи за незаконска употреба на сила од страна на руската држава против Велика Британија. Русија веднаш излезе со демант на обвинувањата на Меј оценувајќи го нејзиното излагање во британскиот парламент како циркус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

