Свет
Лавров: Русија ќе одговори доколку Западот не понуди гаранции

Русија ќе ги преземе неопходните мерки доколку Западот не даде конструктивен одговор на предлогот на Москва за безбедносни гаранции, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Доколку нема конструктивен одговор, ако Западот продолжи со агресивен курс, тогаш, како што повеќепати изјави претседателот Владимир Путин, Москва ќе ги преземе неопходните мерки – изјави Лавров во Државната дума, пренесува ТАС С.
Во секој случај, како што додаде, сите мора да знаат дека безбедноста на Русија и нејзините граѓани е апсолутен приоритет и дека тие ќе бидат обезбедени во сите околности.
Русија во декември испрати предлог до САД и НАТО, барајќи безбедносни гаранции дека Алијансата нема да се прошири на исток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата нареди испорака на 5.000 дози антибиотици за децата во Газа

Папата Лав XIV нареди испорака на 5.000 дози антибиотици за децата во Газа, бидејќи хуманитарната помош почнува да пристигнува во енклавата по две години конфликт, објави Ватикан.
Според соопштението на Ватикан, лековите веќе се дистрибуирани до оние на кои им е најпотребна со помош на Латинската патријаршија во Ерусалим.
„Ги применуваме во пракса зборовите од апостолската поука Dilexi te, посветена на сиромашните“, рече кардиналот Конрад Крајевски, префект на Дикастеријата за служба на хуманитарните организации.
„Неопходно е да се дејствува, да се обрне внимание на оние на кои им е потребна помош“, додаде тој, нагласувајќи дека мисијата на Црквата е веродостојна само кога се изразува преку „конкретни гестови на блискост и добредојде“.
фото: принтскрин
Свет
Инфлуенсерка и нејзината ќерка пронајдени мртви во стан во Бразил

Во Рио де Жанеиро се пронајдени телата на 33-годишната инфлуенсерка и манекенка Лидијане Алина Лоренсо и нејзината 15-годишна ќерка Мијана Софија Сантос, јавуваат бразилските медиуми.
Соседите во населбата Барра да Тиџука ги повикале пожарникарите поради силен непријатен мирис, а телата биле откриени во различни простории од станот. Според полицијата, нема знаци на насилство и се чекаат резултатите од токсиколошката анализа за да се утврди причината за смртта.
Лоренсо имала над 54.000 следбеници на Инстаграм и студирала медицина во Рио. Таа и нејзината ќерка беа погребани во родниот град Санта Сесилија. Истрагата продолжува.
Свет
Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето, ќе го разоружаме

Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе „се разоружа, бидејќи рекоа дека ќе се разоружаат“. „И ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“, додаде тој.
На прашањето на новинарите како тоа ќе се случи, Трамп рече: „Не морам да ви објаснувам. Но, ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“.
„Тие знаат дека не си играм“, додаде американскиот претседател.
„Ќе се случи брзо и може да биде насилно. Но, тие ќе се разоружаат, разбирате што мислам?“, додаде Трамп.
фото: принтскрин