Свет
Лавров: Секоја француска испорака на оружје е легитимна цел за руските сили

Франција бара да ѝ испорача лесни борбени тенкови AMX 10-RC на Украина во рок од два месеца, изјави денеска францускиот министер за вооружени сили, Себастиен Лекорну.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно во разговор со својот украински колега Володимир Зеленски рече дека Франција ќе испорача или оклопни возила или тенкови AMX 10-RC, пренесува агенцијата „Риа“.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека секоја пратка од Франција, која содржи оружје, ќе биде легитимна цел за руските сили.
Министерството за надворешни работи на Русија претходно објави дека земјите од НАТО играат војна со снабдување со оружје на Украина, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека пумпањето на Украина со оружје од Запад не придонесува за руско-украинските преговори и ќе има негативен ефект, пренесе „Новости.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Политико“: ЕУ го одложува воведувањето на 19 пакет санкции против Русија

Европската комисија (ЕК) нема да воведе нов пакет санкции против Русија во среда, како што се очекуваше, објавувањето е одложено на неодредено време, објавува „Политико“, повикувајќи се на европски дипломат и функционер на една од земјите на блокот.
Според нив, објавувањето на 19 пакет санкции „веќе не се очекува во среда“, а ЕК не прецизирала нови можни датуми за официјално презентирање на новите санкции, според бриселскиот портал.
„Политико“ пишува дека одложувањето е последица на поместувањето на фокусот на ЕУ од воведување нови санкции против Русија кон вршење притисок врз Словачка и Унгарија за „намалување на нивната зависност од руската нафта“, објавува Танјуг.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе строги санкции против Русија доколку сите членки на Северноатлантската алијанса дејствуваат заедно и престанат да купуваат руска нафта.
Тој истакна дека фактот што некои сојузници на НАТО континуирано увезуваат енергетски ресурси од Русија „ја ослабува преговарачката позиција на алијансата“.
Свет
Велика Британија испраќа „тајфуни“ во Полска

Велика Британија ќе распореди ловци „еврофајтер тајфун“ за патролирање на полскиот воздушен простор, откако Варшава ја обвини Русија за масовни кршења на границите со беспилотни летала, објави во понеделникot британскиот премиер Кир Стармер.
Во наредните денови, овие авиони ќе им се придружат на француските „Рафали“, германските „Еурофајтер“ и данските Ф-16, како дел од операцијата на НАТО „Источен стражар“, објави британската влада. Патролите ќе полетаат од базата Конингсби во источниот дел на Англија, поддржани од танкерот „Војаџер“ за полнење гориво во воздух, а нивната задача е да ги следат наводните закани од воздухопловството од Русија, вклучително и беспилотните летала.
„Овие авиони не се само демонстрација на сила, туку и клучен фактор во одвраќањето на агресијата, обезбедувањето на воздушниот простор на НАТО и заштитата на националната безбедност, како и безбедноста на сојузниците“, рече Стармер, обвинувајќи ја Русија за неодговорно однесување на источното крило на Алијансата.
Чешката Република веќе испрати три хеликоптери во Полска, додека Шпанија, Италија и Шведска ветија дополнителна поддршка. Полската војска тврди дека најмалку 19 руски беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор на 9 септември, но Москва го негира ова. Според Ројтерс, полски воен извор вели дека беспилотните летала се користат за совладување на украинската воздушна одбрана.
Рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, минатата недела во Советот за безбедност ги оцени овие обвинувања како неосновани.
Во вторник, Русија и Белорусија ќе ја завршат заедничката воена вежба „Запад 2025“, во која учествуваат околу 13.000 војници. Москва и Минск ги отфрлаат западните тврдења дека ова е проба за инвазија, оценувајќи ги како хистерија.
Минатиот месец, Полска ги започна своите маневри „Железен бранител 25“, во кои учествуваат околу 30.000 војници, вклучувајќи ги и силите на другите членки на НАТО.
Фото: принтскрин
Свет
Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, со Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Според американските медиуми, Рубио нагласил дека Трамп е „единствениот лидер во светот“ кој има капацитет да разговара со Украина и Европа, како и со Русија. Тој додаде дека американскиот претседател ќе продолжи со своите напори за наоѓање решение за украинскиот конфликт.
Во исто време, дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат на различни нивоа.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков претходно изјави дека двете страни ќе се обидат да организираат уште еден состанок до крајот на есента за да разговараат за отворените и спорни прашања во билатералните односи.
Фото: принтскрин