Контакт

Свет

Лавров: Џон Кери го призна референдумот на Крим за легитимен, но побара повторување

Објавено пред

Поранешниот американски државен секретар, Џон Кери, призна дека исходот од референдумот на Крим во 2014 година ја рефлектира волјата на народот, но наместо јавно да го признае, тивко повика на повторено гласање, тврди рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

Во големо интервју за РБК, Лавров изјави дека државниот секретар на администрацијата на Обама, Џон Кери, се согласил со Москва дека референдумот од март 2014 година на Крим, на кој мнозинството гласаше за повторното обединување со Русија, ја одразува волјата на народот.

Во исто време, Кери, наводно, побарал од Москва повторно да го спроведе референдумот поради протоколот.

„Нема да откријам голема тајна ако кажам дека Кери во април 2014 година ми рече: Сè е јасно, се случи онака како што сака народот на Крим. Но, поради формата, одржете уште еден референдум“, раскажа Лавров.

„Ако веќе сфаќате сè, зошто да ги тераме луѓето повторно да гласаат?“, го прашал Лавро објаснувајќи го размислувањето на Кремљ.

Лавров, кој е еден од најискусните и најистакнати руски официјални претставници по 2004 година, изјави дека се надева оти неговите откритија нема да ја расипат неговата врска со Кери.

„Се надевам дека Џон нема да се навреди од моите зборови“, рече Лавров додавајќи дека Кери во своите мемоари исто така споменал дел од нивните тет-а-тет разговори.

Лавров и Кери беа во добри односи за време на неговиот мандат како државен секретар од 2013 до 2017 година – нивниот однос беше заслужен за потпишување на договорот од 2013 година за уништување на сириското хемиско оружје.

Кери, веројатно, никогаш нема да каже дека го признал референдумот на Крим – со оглед на сегашната официјална позиција на Вашингтон.

САД жестоко се спротивставија на идејата за референдум, дури и пред тој да се случи, прогласувајќи го гласањето неважечко во резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која подоцна доби вето од Русија.

Првин САД, па потоа и ЕУ ѝ наметнаа санкции на Русија и пред и по референдумот. Во јавноста самиот Кери не се воздржуваше велејќи дека пристигнувањето на руските сили на Крим по барање на локалните власти претставува инвазија и дека референдумот е изнуден и лажен.

Тој став не се промени со промената на власта во Вашингтон. Портпаролот на Стејт департментот, Роберт Паладино, неодамна рече дека гласањето било под закана со оружје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Објавена е конечната листа: 305 светски познати личности поврзани со Џефри Епстин

Објавено пред

Министерството за правда на САД ги објави сите досиеја поврзани со Џефри Епстин, вклучувајќи и дефинитивен список од 305 истакнати имиња што се појавија во документите.

dobivaj vesti na viber

Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, објави дека сите досиеја поврзани со Џефри Епстин се официјално објавени, вклучувајќи милиони е-мејлови, фотографии и документи поврзани со еден од најконтроверзните кривични случаи во последните децении.

Како дел од официјалниот извештај доставен до Конгресот на 14 февруари, Министерството за правда објави конечен список од 305 истакнати поединци кои се појавиле барем еднаш во документите.

На списокот се наоѓаат политичари, претприемачи, актери, пејачи и други јавни личности – живи и починати. Меѓу имињата што привлекоа најголемо внимание се Доналд Трамп, Џеј Ди Венс, Мишел Обама, Марко Рубио, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Брус Спрингстин, Џеј Зи, Роберт Де Ниро, Дајана Рос, Мелинда Гејтс, Такер Карлсон и Меган Маркл.

Министерството јасно истакнува:

„Да бидеш именуван во досиејата на Епстин не подразбира никаква вина или поврзаност со неговите гнасни злосторства на сексуална злоупотреба на деца.“

Бонди и нејзиниот заменик, Тод Бланш, дополнително нагласија дека имињата се појавуваат во широк спектар на контексти, што значи дека самото споменување не подразбира кривична одговорност.

Прикажи повеќе...

Регион

Киднаперите на Кајмакоски и по една недела сè уште не се пронајдени, во тек е потрага

Објавено пред

Потрагата по киднаперите на Даниел Кајмакоски влезе во осмиoт ден, а и покрај обемната полициска акција, на осомничените и понатаму им се губи секоја трага. Иако теренот околу местото каде што со возилото удриле во заштитната ограда бил детално пребаран, бегалците како да пропаднале во земја.

dobivaj vesti na viber

„Се преземаат сите оперативни мерки и активности со цел да се идентификуваат и пронајдат сторителите. Во овој момент тие сè уште се во бегство“. наведува извор на „Курир.рс“ и додава дека полицијата, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, продолжува со потрагата.

Драмата почнала откако пејачот минатата недела го завршил настапот во Белград. Осомничените, за кои се верува дека се странски државјани, наводно од Турција, го пресретнале пејачот, му се заканиле со нож и пиштол, го врзале и го одвезле со неговиот автомобил, барајќи 20.000 евра.

Само неколку минути по тргнувањето од центарот на градот, полициска патрола при редовна контрола се обидела да го запре возилото. Сепак, возачот не застанал на дадениот знак.

„Во моментот кога му дадоа знак да застане, возачот продолжи и забрза до максимум. Никој не можеше да предвиди што ќе се случи“, открива извор близок до истрагата.

Во меѓувреме, пријател на пејачот го пријавил киднапирањето, по што била покрената обемна полициска акција. Потерата се одвивала покрај Палатата Србија и Белградската арена, а потоа и по автопатот кон Шид. Во потрагата биле вклучени бројни полициски единици.

Драмата кулминирала кај исклучувањето за Рума, каде што осомничените изгубиле контрола над возилото и удриле во заштитната ограда. Сè се случило за неколку секунди, а во настанатиот хаос киднаперите го напуштиле автомобилот и избегале пеш, додека во возилото бил пронајден врзаниот Кајмакоски.

„Осомничените избегале пеш, а во возилото бил затекнат пејачот. Постои можност маглата и лизгавиот коловоз да придонеле за губење на контролата врз возилото“, наведува изворот.

Иако припадниците на полицијата детално го пребарале поширокиот терен, вклучително и околните ниви и шумски појаси, засега нема потврда дека осомничените се лоцирани.

Прикажи повеќе...

Свет

Братот на Џефри Епстин: Убиен е, знаеше премногу, наскоро се’ ќе биде откриено

Објавено пред

Братот на осудениот американски сексуален престапник Џефри Епстин, Марк Епстин, го обвини Министерството за правда на САД дека стои зад прикривање на неговата смрт.

dobivaj vesti na viber

Џефри Епстин беше пронајден мртов во затворска ќелија во Њујорк на 10 август 2019 година. Тогашните официјални резултати од обдукцијата утврдија дека станува збор за самоубиство.

Во интервју за француската телевизија БФМ, Марк Епстин изјави дека е убеден дека неговиот брат бил убиен.

„Сега знам дека е убиен“, изјавил Марк Епстин, додавајќи дека по обдукцијата лекарите рекле дека не можат да заклучат дека станува збор за самоубиство, бидејќи околностите „премногу потсетувале на убиство“.

Тој навел дека во првичната потврда за смртта, во рубриката „причина за смрт“, стоела формулацијата „во очекување на дополнителни истраги“, а дека неколку дена подоцна биле објавени резултати според кои Епстин извршил самоубиство во ќелијата.

Марк Епстин изјавил дека неговиот брат „премногу знаел“.

„Во време на изборите во 2016 година, кога се натпреваруваа Хилари Клинтон и Доналд Трамп, Џефри рече: ‘Кога би го кажал она што го знам за двајцата кандидати, изборите би требало да се поништат’. Го обвинувам Министерството за правда дека го прикрило убиството на Џефри“, изјавил Марк Епстин за БФМ.

Француската телевизија наведува дека тој не е единствениот кој јавно изнесува такви тврдења. На 13 февруари, во британскиот „Телеграф“, д-р Мајкл Бејден, еден од лекарите кои присуствувале на обдукцијата како набљудувач во име на семејството Епстин, изјавил дека причината за смртта требало да биде предмет на повторна истрага.

„Мислам дека неговата смрт најверојатно е предизвикана од притисок при давење, а не од бесење. Со оглед на сите информации со кои моментално располагаме, подлабока истрага за причината и околностите на смртта е оправдана“, изјавил лекарот за британскиот весник.

Марк Епстин смета дека објавувањето на досиејата поврзани со случајот претставува „диверзија“.

„Мислам дека тоа е делумно диверзија за да се спречи интересот на јавноста за фактот дека тој е убиен“, изјавил тој.

Навел и дека е спроведена независна истрага за смртта на неговиот брат, која, според него, довела до заклучок дека станува збор за убиство, а резултатите од таа истрага, како што најавил, ќе бидат објавени за неколку месеци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Европската Унија ги одби предлозите на балканските превозници, најавени нови блокади: „Последниот состанок беше катастрофален“

Европската унија ги одбила сите предлози на превозниците од Западен Балкан со кои требало да се реши проблемот со нивниот...

Македонија2 часа

Oбвинувања за канабисот: ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за лиценците, СДСМ прашува кој дозволил 5 тони дрога да ја поминат границата

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ и утрово разменија обвинувања поврзани со лиценците за производство на канабис и со запленетата марихуана....

Топ2 часа

Кривична пријава за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Европа2 часа

Навални наводно бил убиен со отров 200 пати појак од морфиум: го има во јужноамериканските отровни жаби

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше убиен од смртоносен токсин пронајден во јужноамериканските отровни жаби, соопштија Велика Британија и неколку...

Македонија2 часа

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради обилните врнежи од дожд се регистрирани поплави во повеќе региони во...

Култура2 часа

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа3 часа

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет3 часа

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа3 часа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа4 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет4 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија13 часа

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија16 часа

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија19 часа

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија22 часа

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија22 часа

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија24 часа

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...

Свет1 ден

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години,...

Топ2 дена

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија2 дена

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...