Свет
Лекари без граници: Го нападнаа нашиот конвој во Газа, едно лице загина

Лекари без граници (МСФ) го осудија, како што велат, намерниот напад врз еден од нивните хуманитарни конвои во Газа, при што едно лице беше убиено.
„За време на нападот врз хуманитарниот конвој на 18 ноември 2023 година, роднина на припадник на Лекари без граници го загуби животот, а уште едно лице беше повредено. Конвојот се обидуваше да евакуира 137 лица, палестински персонал на Лекари без граници и нивните семејства. овој намерен напад“, се наведува во соопштението за медиумите.
Лекари без граници соопштија дека конвојот се состои од пет јасно означени возила, дека во него има 65 деца и дека се движел кон југот на Газа. Конвојот стигна до контролен пункт во близина на границата со Вади Газа, каде што се сврте бидејќи слушна истрели и се упати кон просториите на Лекари без граници, на 7 километри од контролниот пункт.
„На враќање, помеѓу 15:30 и 16:00 часот по локално време, конвојот беше нападнат на улицата Ал Вехда, во близина на канцеларијата на Лекари без граници. “, соопштија од Лекари без граници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бројот на загинати во Газа надмина 50.200

Најмалку 25 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број на жртви од израелската офанзива од октомври 2023 година се искачи на 50.208, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Во соопштението се наведува дека во последните 24 часа во болниците биле примени уште 82 ранети лица, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 113.910.
„Многу загинати сè уште се заробени под урнатините и на улиците, бидејќи спасувачките екипи не можат да им пристапат“, се додава во извештајот на Министерството.
Израелската војска на 18 март изврши изненаден воздушен напад врз Појасот Газа, во кој загинаа 855 лица, а речиси 1.900 се повредени, и покрај прекинот на огнот и договорот за размена на затвореници што беше постигнат во јануари.
Регион
Додик се сретна со Нетанјаху

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Додик го поздрави и разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху, кој е говорник на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот, на која присуствува и претседателот на Република Српска, пренесува РТРС.
Претходно на конференцијата Додик зборуваше за пораките за поддршка од Република Српска за Израел и рече дека високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит се обидел да го спречи неговото доаѓање на конференцијата.
Свет
Ватикан: Папата Франциско продолжува да ја води црквата, но можеби не како пред болеста

Папата Франциско ќе продолжи да ја води Католичката црква, но можеби не на ист начин како пред здравствената криза поради која беше во болница 38 дена, изјави денеска државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин.
Тој рече дека постојано добива пораки од верниците кои се молат за здравјето на папата и способноста да продолжи со својата работа, пренесува Анса.
„Можеби не како порано, ќе треба да најдеме различни начини, но начин на кој тој сепак ќе може да го направи тоа“, рече Паролин.