Свет
„Леново“ отвора регионално седиште во Саудиска Арабија
Кинескиот производител на компјутери „Леново“ објави планови за отворање регионално седиште во Саудиска Арабија со цел да го зајакне своето присуство на Блискиот Исток.
Групацијата го назначи ветеранот Лоренс Ју да го води новото седиште во Саудиска Арабија, соопшти кинескиот производител.
Џовани ди Филипо е исто така назначен за генерален директор на „Леново“ за Саудиска Арабија, а Зоран Радумило е назначен за технолошки директор на компанијата.
Производствениот објект ќе почне со работа во 2026 година.
„Леново“ исто така соработуваше со локална компанија за изградба на производствен објект за кој се очекува да почне со производство на персонални компјутери, лаптопи, паметни телефони и сервери од 2026 година.
Главниот извршен директор на „Леново“, Јанг Јуанкинг, минатата недела изјави дека компанијата гледа силна побарувачка за вештачка интелигенција во своите три главни деловни сегменти, при што кинеската побарувачка за инфраструктура поврзана со вештачката интелигенција го надминува остатокот од светот.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

