Свет
Макрон: Во бомбардирањето на Газа се убиени деца и цивили, тоа нема никаков легитимитет
Францускиот претседател Емануел Макрон „го повика Израел да ги запре“ бомбардирањата во кои убиваат цивили во Газа, зборувајќи за Би-Би-Си.
„Ние страдаме заедно со Израел и ја разбираме нивната желба да се ослободат од тероризмот. Но, „денес всушност се бомбардираат цивили. Под бомбите умираат мали деца, жени и постари лица“. За тоа нема „никакво оправдување“ и „нема легитимитет. Затоа го повикуваме Израел да престане“, нагласи тој.
Министерството за здравство на Хамас објави дека 11.078 луѓе, меѓу кои 4.506 деца, биле убиени во израелското бомбардирање на Појасот Газа од почетокот на војната што го предизвика крвавиот напад на палестинското исламистичко движење врз еврејската држава на 7 октомври.
„Таа реакција во борбата против тероризмот мора да биде во согласност со меѓународните правила за војување и меѓународното хуманитарно право бидејќи тоа е демократска земја“, рече францускиот претседател.
Одговарајќи на прашање за можното кршење на меѓународното право од страна на Израел, Макрон посочи дека тој „не е судија“, туку „претседател на државата“. Во исто време, тој рече дека е загрижен дека „сеопфатното бомбардирање“ на Газа може да поттикне „желба за одмазда“ во регионот.
Разговорот се случил еден ден по „хуманитарната конференција“ организирана во четвртокот во Париз на предлог на францускиот претседател, каде тој повикал „да се работи на примирје“.
„Нема друго решение освен хуманитарна пауза на прво место, а потоа прекин на огнот што ќе овозможи заштита на сите цивили кои немаат никаква врска со терористите“, посочи тој во петокот.
„Не можеме да кажеме дека се бориме против тероризмот убивајќи невини“, додаде францускиот претседател.
Новите официјални податоци ревидирани во петокот покажуваат дека 1.200 луѓе загинале на израелската страна од почетокот на војната, повеќето од нив цивили кои загинале на денот на нападот на Хамас, кој го прогласија Израел, САД и ЕУ. терористичка организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко
Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.
„Нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија веќе втор ден“, рече Зеленски.
Украинската војска претходно соопшти дека руските сили се задржани во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија објави дека зазела пет локални населби.
Ситуацијата, рече Зеленски, е особено напната во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровское, кај селата Семенивка и Нетаилова.
Зеленски додаде дека попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден.
Свет
Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш не ја исклучи можноста за интервенција на француската армија во Украина, но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да испраќа свои војници во војна.
Како што пренесува „Украинска правда“, Емануел Макрон рече дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина, но тој најискрено се надева дека нема да мора да се борат.
„Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа треба да се вооружиме и затоа треба да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата безбедност, тогаш јас не исклучувам интервенци во конфликтот“, рече Макрон.
Тој нагласи дека украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет се под закана, но истовремено владеењето на правото и општите правила се под закана.
„И ако оставиме сè како што е во Украина, тогаш ќе победи правото на посилниот. И не можеме да бидеме сигурни бидејќи тоа се случува на 1.500 километри. Значи, во Украина нашата иднина и нашата безбедност се во прашање“, заклучи францускиот претседател.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.