Свет
Марија Захарова: Ова е општа хистерија
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, денеска изјави дека реакцијата на светската заедница на потезите на Русија, вклучително и Генералното собрание на Обединетите нации, е хистерична, а изјавите на официјалните лица се апсурдни.
„Тоа е хистерија, тоа е заплашување, сето тоа е заедно. Тие ќе ги изнесуваат овие апсурдни тврдења сѐ повеќе и повеќе“, рече таа.
Како што истакна таа, Русија се обидела да го спречи актуелниот развој на настаните во Украина, но Западот избрал да не обрнува внимание на тоа.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, денеска изјави дека, како што наведе, телефонски терористи од САД, Германија, Полска и од Украина се обидуваат да ја блокираат работата на руските дипломати во странство.
„Телефонските терористи користат телефонски линии, телефони за итни случаи и информации за контакт“, изјави Захарова за каналот „Соловјов во живо“, пренесува ТАС С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта од Канада и Мексико од царините од 25 отсто што се закани дека ќе ги воведе во сабота на производите од тие земји.
„Можеби ќе направиме, можеби нема. Таа одлука ќе ја донесеме веројатно вечерва“, рече Трамп за тоа дали да воведе царини за канадската и мексиканската нафта. Тој додаде дека тоа делумно ќе зависи од цените, како и од тоа дали двете земји „соодветно се однесуваат кон САД“.
Трамп постави краен рок во сабота да воведе царини од 25 отсто на увозот од Мексико и Канада за да ги принуди двата најголеми американски трговски партнери да преземат акција за да се спречи илегалната миграција и испораката на фентанил преку нивните граници во САД.
Тој сега рече дека царините за Северна Америка ќе бидат наметнати „од голем број причини“ и додаде дека нивото на царини „може или не може да се зголеми со текот на времето“. Тој, исто така, рече дека се уште размислува за нови царини за кинески стоки, наведувајќи ја нивната улога во трговијата со фентанил.
Тој се закани со царини од 10 отсто за сите кинески стоки, откако во неговиот прв мандат воведе царини за кинески увоз во вредност од околу 370 милијарди долари, потсетува Ројтерс. „Размислувам и за Кина бидејќи тие испраќаат фентанил во нашата земја и предизвикуваат стотици илјади смртни случаи поради тоа… Ние ќе одлучиме што ќе се случи, но Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ“, рече Трамп.
Кинескиот претседател Си Џинпинг во 2023 година вети дека ќе соработува со тогашниот претседател Џо Бајден за да се спречат пратките со фентанил во САД. Но, Пекинг тогаш го повика Вашингтон да преземе чекори за да ја ограничи побарувачката за дрога.
Министерството за економија на Мексико одби да ги коментира последните изјави на Трамп. Кабинетот на канадскиот премиер Џастин Трудо не беше веднаш достапен за коментар, пренесува Ројтерс.
Свет
(Видео) Се запознале преку нивниот тренер, заедно станаа шампиони и се заљубија: загинаа во авионската несреќа во Вашингтон
Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, кои загинаа во авионска несреќа на Американ Ерлајнс во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон, беа истакнати руски лизгачи во парови познати по нивните значајни успеси во текот на 1990-тите. Заедно тие ја освоија титулата светски шампион во 1994 година и беа двапати олимпијци, натпреварувајќи се на Зимските олимписки игри во 1992 и 1994 година.
Шишкова и Наумов се запознале во 1985 година преку нивниот тренер. Тој сакал да ги види заедно на мразот. Иако Наумов на почетокот се двоумеше, по неколку пробни тренинзи се согласија да соработуваат и во почетокот на 1987 година ја започнаа својата натпреварувачка кариера.
Првиот голем успех го постигнаа во 1991 година, кога освоија бронзен медал на Европското првенство и го освоија петтото место на Светското првенство. Следната година се квалификувале за Зимските олимписки игри во Албервил, каде што завршиле на петтото место.
Во сезоната 1992/93. го освоија првиот светски медал – бронзата, додека на Олимписките игри 1994 година во Лилехамер го освоија четвртото место. Сепак, врвот на кариерата го доживеаја на крајот од таа сезона, кога станаа светски шампиони.
Доминација на меѓународната сцена
Од 1991 до 1995 година Шишкова и Наумов освоија пет европски медали, а во 1995 година го освоија среброто на Светското првенство. Во февруари 1996 година, тие постигнаа уште еден важен успех, освојувајќи злато на престижното финале на серијата на шампиони, подоцна познато како Гран При Финале.
На Светското првенство во 1996 година тие беа трети по кратката програма, но во конечниот пласман завршија четврти поради неодобрувањето на дел од судиите. Тие не успеаја да се квалификуваат за Олимписките игри во 1998 година, по што решија да ги прекинат своите натпреварувачки кариери. Истата година ја освоија титулата светски професионални шампиони.
Тренерска кариера и семеен живот
По повлекувањето од натпреварувањето, тие се преселиле во Симсбери, Конектикат, каде што почнале да работат како тренери во Меѓународниот центар за лизгање. Од февруари 2017 година, тие се дел од стручниот штаб за лизгачки клуб на Бостон.
За време на неговата 22-годишна тренерска кариера, Наумов тренираше многу истакнати лизгачи, вклучувајќи го и јуниорскиот шампион на САД од 2020 година, Максим Наумов, како и бројни други национални и меѓународни медалисти.
Евгенија Шишкова и Вадим Наумов се венчале во Санкт Петербург во август 1995 година, а во 1998 година се преселиле во САД. Нивниот син Максим Наумов, роден во август 2001 година, ја продолжи семејната традиција и се натпреварува во машка индивидуална категорија за САД.
За потсетување, според пишувањата на медиумите, Евгениј Шишков и Вадим Наумов биле меѓу патниците на авионот на Американ ерлајнс кој се урна во близина на националниот аеродром Вашингтон Реган.
Свет
Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот
Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион на Американ ерлајнс над реката Потомак, во близина на Вашингтон.
Во несреќата загинаа сите 64 лица во авионот.
Иако имињата на членовите на екипажот на хеликоптерот се уште не се официјално објавени, познато е дека станува збор за тројца членови на американската војска. Истрагата за причините за оваа несреќа е во тек, а Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и Федералната управа за авијација (FAA) активно се вклучени во испитувањето на околностите кои довеле до судирот.
Оваа трагедија претставува една од најсмртоносните авионски несреќи во САД во последните 24 години.
Пилот-механичар на урнатиот воен хеликоптер UH-60 Black Hawk бил Рајан О’Хара. Тој беше дел од класата на 2014 година во програмата Parkview Marine Corps JROTC. Тој зад себе остави сопруга и едногодишен син.
🇺🇸 | Ryan O’Hara, jefe de tripulación del helicóptero Black Hawk, fue identificado como una de las víctimas del choque aéreo en Washington D.C. Deja atrás a su esposa y a su hijo de un año. pic.twitter.com/JV4LuJ9Nii
— Actualidad Internacional (@ActualidadINTL) January 30, 2025
Загина и пилотот-инструктор, Ендрју Еванс, кој имал околу 1.000 часа летачко искуство. Неговите слики беа објавени на мрежата Икс.
R.I.P. — Black Hawk helicopter pilot killed in D.C. tragedy ID'ed as Chief Warrant Officer Andrew Eaves
He leaves behind a wife & children. pic.twitter.com/xMHFbJJII5
— Breaking911 (@Breaking911) January 30, 2025
Третата жртва била жена, која имала околу 500 часа искуство со летање. Нејзината слика беше објавена и на мрежата Х, но нејзиното име се уште не е соопштено. Таа беше главен пилот за време на фаталниот лет.
The pilot in command of the Black Hawk that crashed into the passenger jet over DC was a woman.
Follow: @AFpost pic.twitter.com/Jsp13AnuHG
— AF Post (@AFpost) January 30, 2025
Според официјални извори, сите членови на екипажот биле многу искусни и запознаени со рутата на летот во областа Вашингтон.