Свет
(Видео) Меган Маркл зборуваше за расизмот, жали што децата растат во таков свет

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, изјави дека и е жал што децата мора да растат во свет каде што сè уште постои расизам и истакна дека случувањата во САД се разорни.
Таа го рече тоа во видеото снимено од учениците од завршните одделенија од нејзиното средно училиште во Лос Анџелес, по повод масовните протести во САД, охрабрени од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува „Ројтерс“.
„Знам дека знаете дека животите на црнците се важни. Првото нешто што сакам да ви го кажам е дека многу ми е жал што треба да пораснете во свет каде што тоа сè уште се случува“, рече Меган, чија мајка е Афроамериканка.
Таа додаде дека сакала да ја каже вистинската работа и дека била нервозна затоа што се плаши нејзините зборови да не бидат погрешно разбрани.
„Единствената погрешна работа е да не се каже ништо“, рече Меган Маркл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Би-би-си: Новиот германски лидер навести сеизмички промени во трансатлантските односи

Фридрих Мерц, кој сигурно ќе биде новиот германски канцелар, не ги дочекал конечните резултати од изборите за новиот Бундестаг одржани во неделата за да најави нова ера во Европа, јавува денеска Би-би-си.
Прогласувајќи ги Соединетите Американски Држави за рамнодушни кон судбината на европскиот континент, Мерц ја доведе во прашање иднината на НАТО и побара Европа да ја зајакне својата одбрана, и тоа бргу, според анализата ден по сојузните парламентарни избори во Германија, на кои синдикатот на Мерц, ЦДУ/ЦСУ, освои најмногу гласови.
„Ваков тон од устата на близок сојузник на САД – Фридрих Мерц, кој инаку е познат како страстен атлантист – бил незамислив пред само неколку месеци. Ова е сеизмичка промена. Тоа може да се протолкува како претерување, но она што во моментот го доживуваме во трансатлантските односи е без преседан од крајот на 80-тите години на британските медиуми“, нагласуваат од британските медиуми.
На третата годишнина од рускиот напад врз Украина, Мерц повика Киев да се вклучи во мировните преговори.
Најверојатниот кандидат за иден германски канцелар ја потврди својата континуирана поддршка за Украина.
Свет
Трудо: Војната на Русија во Украина е војна против демократијата, вистината и правдата

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо денеска изјави дека руската војна против Украина претставува „војна против нашиот начин на живеење, војна против демократијата, против владеењето на правото и самоопределувањето, војна против правдата, војна против вистината“.
Зборувајќи во Киев на третата годишнина од почетокот на војната, Трудо ги осуди, како што ги нарече, „гнасните воени злосторства“ на Русија, пишува „Гардијан“.
„Украинците ги загубија животите борејќи се храбро за својата земја, децата беа одземени од своите семејства, домови и заедници, што е грозоморно воено злосторство“, рече тој. Трудо додаде дека воените заробеници биле изложени на насилство од страна на руските војници.
„Украинците ќе триумфираат затоа што Украинците се борат за она што е исправно, но тие не може и не треба да го направат тоа сами“, рече Трудо. Вкупно 37 државни лидери ќе учествуваат на самитот во Киев, кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече пресвртница, од кои 13 ќе присуствуваат лично, а 24 преку видеоврска, според „Унијан“.
Свет
Путин телефонски го информирал кинескиот претседател за преговорите со САД

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг денеска телефонски разговарал со својот руски колега Владимир Путин, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Како што се наведува, разговорот бил воден на иницијатива на руската страна.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно најави дека рускиот претседател денеска ќе оствари меѓународен телефонски разговор во контекст на информирање на руските партнери за преговорите со САД во Ријад.
„Минатата недела претседателот зборуваше за својата намера да информира голем број земји партнери за контактите со Американците. Според тоа, овој процес почна денеска“, изјави Песков за новинарите.