Свет
Масакар во Америка: поранешен војник пукал во децата додека спиеле
Поранешен војник убил три деца, од кои две се негови, додека спиеле во нивниот дом во Јужна Каролина додека мајка им избезумено молела за помош, соопштија властите. Поранешниот војник убил и колега на неговата сопруга, а потоа се самоубил.
„Чарлс Слакс Јуниор застрела и уби војник кој работеше со мајката на децата и случајно се нашол внатре во домот“, изјави началникот на полицијата во Самтер, Расел Роарк, на прес-конференција.
Слакс и неговата сопруга беа разведени, но тој сè уште имал клуч од домот во Самтер, во кој влегол околу 22 часот во вторникот.
Слекс го застрелал колегата на својата поранешна сопруга во дворот додека таа се обидувала да го запре, а потоа ја турнал и се упатил на катот и ги застрелал децата на возраст од 5, 6 и 11 години во нивните кревети, изјави началникот на полицијата.
„Малите деца спиеле во своите кревети“, рече Роарк.
Мобилниот телефон на мајката се полнел горе, па истрчала да види дали ранетиот колега има телефон што може да го користи. Слушнала истрели, се вратила внатре и го видела својот поранешен сопруг на врвот од скалите, каде што се застрелал, изјави Роарк.
Убиениот војник немал никаков однос со жената надвор од работа, а инспекторите не откриле зошто Слакс дошол во куќата или дали требало да има клуч, рече Роарк.
„Секој што има деца – секој што има емпатија за дете што умира толку насилно, може да разбере како се чувствува таа мајка“, рече началникот на полицијата.
Слакс (42) ги убил своите деца, 5-годишниот Ајден Холидеј-Слакс и неговиот 6-годишен брат Асон Холидеј-Слакс, а исто така ја уби и нивната полусестра, 11-годишната Ава Холидеј. Пред разводот Слакс ѝ беше очув на Ава.
„Тоа беше долга ноќ. Ова е ужас“, рече судскиот лекар.
Идентитетот на убиениот војник не е објавен.
Слакс бил цивил доделен во штабот на американската армија во воздухопловната база Шо, а убиениот војник исто така бил распореден, според воените информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

