Свет
Масакр во САД: убил 8 луѓе, од кои 7 од исто семејство, шефот на полицијата вели дека досега не видел полошо злосторство
Властите на американската сојузна држава Илиноис синоќа почнаа потрага по 23-годишниот Ромео Ненс, осомничен за убиство на осум лица со огнено оружје во градот Џолиет, на речиси 56 километри од Чикаго, извести полицијата.
Масовниот убиец бил пронајден во голема полициска потрага во близина на градот Наталија, Тексас, каде што по пресметката со полицијата извршил самоубиство. Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите жртви, соопштија полициските службеници во изјава за медиумите.
Првата жртва, 28-годишен маж, по потекло од Нигерија, кој живеел во САД во последните три години, бил застрелан од осомничениот во неделата попладне од неговото лично возило. Следното утро полициските службеници пронашле пет тела во куќата во која живеел осомничениот, а потоа уште две тела во куќата спроти улицата, со што бројот на жртви се искачи на осум.
За последните седуммина убиени, чии тела се пронајдени во две куќи, полицијата смета дека се членови на исто семејство.
„Јас сум полицаец веќе 29 години. Ова е веројатно најлошото злосторство што сум го видел“, рекол шефот на полицијата на Џолиет, Вилијам Еванс.
Ден Џанглс, началникот на полицијата во округот Вил, рече дека сè уште не е познато колку долго луѓето во домовите биле мртви пред да бидат пронајдени. Покрај тоа, во престрелката е ранета и 42-годишна жена за која постои сомневање дека е истото лице, но таа не била поврзана со другите жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

