Свет
Маскирани полицајци парадираат низ преполни улици со осомничени за кршење на антиковид мерки во Кина

Кинеските државни медиуми објавија дека полицијата парадирала низ полните улици на градот Јингси во провинцијата Гуангкси со осомничени кои морале да носат плакати со нивната слика и полно име за да бидат јавно засрамени и да испратат јасна порака до сите.
Во 2010 година Кина го забрани јавниот срам на осомничените, по децении предупредувања и различни апели од организациите за човекови права. Но, оваа практика повторно заживеа поради суровата политика на кинеските власти за „нулта позитивни луѓе“.
Фотографиите, кои исто така беа пренесени од локалните медиуми, покажуваат дека секој осомничен е предводен од двајца полицајци.
Четворицата мажи кои беа приведени од полицијата се осомничени за нелегален транспорт на мигранти, што е особено казниво поради одлуката на Кина да ги затвори границите поради пандемијата на коронавирус.
Според медиумите, овој јавен срам е дел од претходно донесените дисциплински мерки кои ги најави локалната власт, а кои се насочени против оние кои го загрозуваат здравјето на другите.
Cette scène à Jingxi, dans le Guangxi, pour des Chinois « comme un retour au temps de la révolution culturelle ».
Le spectre est toujours là… pic.twitter.com/wpNPbzANG9— Zhulin Zhang (@ZhangZhulin) December 28, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа: Зеленски оди во погрешна насока, Трамп е фрустриран

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит ги демантираше тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп му дал ултиматум на украинскиот претседател Володимир Зеленски до крајот на денот да го прифати постоечкиот предлог за мировен договор, во спротивно САД ќе се повлечат од преговорите.
„Не, не до крајот на денешниот ден“, рече Левит.
Сепак, Левит потврди дека Трамп е сè пофрустриран од ситуацијата и дека сака да го види крајот на овој конфликт.
Таа додаде дека Зеленски оди во погрешна насока кога се во прашање мировните преговори и дека се обидува да ги води преговорите преку медиумите, што е неприфатливо за претседателот.
„Неговото трпение е при крај“, рече Левит, мислејќи на Трамп.
Претходно денеска, Трамп го обвини Зеленски дека ја продолжува војната со своите запаливи изјави, откако украинскиот претседател рече дека неговата земја правно нема да ја признае окупацијата на Крим.
Свет
На Карлос Сантана му се слоши пред настапот во Тексас, итно префрлен во болница

На легендарниот музичар Карлос Сантана му се слошило пред настап во Тексас и итно бил префрлен во болница поради дехидрација, јавува „Си-Ен-Ен“.
Мајкл Врионис, претседател на „Јуниверзал саунд Менаџмент“ и претставник на Сантана, ја информираше својата публика во изјава за магазинот „Пипл“ дека со длабоко разочарување мора да соопшти оти шоуто во Сан Антонио е одложено.
Тој изјавил дека Сантана бил во театарот „Маџестик“ и се подготвувал за настапот кога доживеал инцидент за кој подоцна било утврдено дека е дехидрација.
„Како мерка на претпазливост и за здравјето на Сантана, одлуката да се одложи настапот беше најразумниот потег“, истакна тој.
Врионис додаде дека на музичарот му оди добро и со нетрпение очекува наскоро да се врати во Сан Антонио и да ја продолжи турнејата во САД.
Свет
Папата не се избира како што е прикажано во филмот Конклава – кардинал раскажа што се случува зад затворените врати во Ватикан

Изборот на новиот папа не се случува како во филмот Конклава, изјави кардиналот од Келн, Рајнер Марија Воелки. Кардиналот ќе учествува во изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква.
Велки изјави за ДПА дека го гледал трилерот со Ралф Фајнс.
„Добро се забавував, но реалноста е сепак сосема поинаква“, вели.
Келнскиот кардинал е еден од 135-те кардинали кои го избираат наследникот на починатиот папа. Учествуваше и на конклавата во 2013 година, кога беше избран папата Франциско.
Како што рече, она што најпрецизно е прикажано во филмот е изолацијата на учесниците на конклавата во Систинската капела.
„Треба да се разликува самата конклава од таканаречената претходна конклава. Тогаш се собираме, разговараме, ги изнесуваме нашите ставови. Има кафе паузи, состаноци за вечера, се запознаваме. Се разбира, тогаш се искажуваат различни мислења. Тоа е она што му претходи на главниот настан. И кога самата конклава започнува, тоа е веќе еден вид прекин – што веќе јасно се гледа од фактот дека сите кардинали се преселуваат во Домот Санта Марта“.
„Таму мора да се предадат сите електронски уреди, сите мобилни телефони. Секој добива своја соба. Многу добро се сеќавам кога последен пат стигнав во мојата соба. Прозорците беа запечатени, ролетните затворени. Не можев да ја видам дневната светлина“.
Кардиналите јадат заедно, се молат на миса и секој ден одат од Санта Марта до Сикстинската капела.
„Станува збор за 500, 600 метри. Обезбедено е возило за старите лица и оние со потешкотии во движењето. Се’ се одвива во одлична атмосфера на молитва“, објаснува Велки.
„Нема големи емотивни испади, како што е прикажано во филмот. Во претходната конклава може да има нешто пожешко, нешто поконтроверзно, можам да го замислам тоа, и тоа е добро. Така ги спојуваме различните погледи на Црквата од целиот свет и заедно одиме кон одлука. Во самата конклава има поинакво расположение”.
Папата Франциско, додаде, и тука го покажал патот, бидејќи особено посветил внимание на синодалната заедница.
Така, тој воведе нов стил на однесување, каде најпрвин достоинствениците се слушаат меѓусебно и го слушаат Божјиот глас.
„И моите лични искуства потврдуваат дека Бог води од различноста кон единство. Наша задача е да се отвориме, за да препознаеме каде сака да нè води. Препознавањето на тоа е голем предизвик“, изјави.