Свет
Масовен егзодус на цивили од Источна Гута
Илјадници жители на Источна Гута, што досега е најголем број, го напуштаат уништеното предградие за време на хуманитарната пауза, објави „Раша тудеј“. Речиси 11.000 цивили се безбедно евакуирани, јави руската армија.

Речиси 800 цивили секој час ја напуштаат областа преку хуманитарен коридор формиран од страна на рускиот Центар за помирување во Сирија и владините сили. Снимките направени на теренот покажуваат толпа цивили што се движат низ коридорот, некои од нив одат со автомобил, а повеќето патуваат пешки. Цели семејства ја напуштаат областа, има и луѓе што во рацете ги носат своите деца. Меѓу толпата се гледаат и носилки со повредени или болни луѓе.

Оние што успеале да побегнат од областите контролирани од вооружени групи, за „Раша тудеј“ рекле дека милитантите продолжуваат да ги користат цивилите како човечки штит и вршат разни злосторства врз локалното население спречувајќи ги да заминат.
„Екстремистите не му даваат храна и вода на населението, ги снабдуваат само оние што им помагаат. Целата храна и други продукти се наоѓаат во нивните засолништа“, вели сведок што побегнал. Тој додава дека убиван е секој што рекол нешто против нив.
Масовниот егзодус го олеснува фактот дека непријателствата во некои делови од Источната Гаута речиси се прекинати. Ситуацијата во Дума, најголемиот град во регионот, кој сè уште го држат разни вооружени групи, значително се стабилизира, соопшти руската војска.
Хуманитарната пауза исто така дозволила помош на цивили, според претходната изјава од рускиот центар за помирување, кој нагласи дека прекинот на огнот меѓу завојуваните страни во областа се одржа три дена по ред. Центарот испрати два хуманитарни конвоја минатата недела доставувајќи 318 тони храна и лекови до Дума. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) исто така рече дека заедничкиот конвој на ОН Сирија од Црвената полумесечина од 25 камиони со хуманитарна помош влезе во областа на вооружените сили во Источна Гаута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

