Свет
Мајорка затвори три улици со кафулиња поради неодговорните туристи

Регионалната влада на Балеарските Острови нареди затворање на три популарни улици во Мајорка со цел да стави крај на забавите на странските туристи за да се спречи ширење на коронавирусот.
Мерката беше воведена откако неколку снимки покажаа дека британските и германските туристи се забавуваат без заштитни маски во преполни кафулиња и ноќни клубови, а некои дури и пијани скокале на паркирани автомобили.
„Со оваа мерка, сакаме да го запреме дивјачкото однесување што може да загрози сè што сторивме досега за повторно да се отвори туризмот“, соопшти владата на Балеарските Острови.
БалеарскитеОострови – Мајорка, Ибица, Менорка, Форментера и Кабрера – беа првите што добија дозвола од шпанската влада за примање странски туристи.
Шпанија, една од земјите најпогодени од коронавирусот, беше затворена речии стотина дена. Досега се заразени 257.494 жители, од кои 28.413 починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ердоган: Турција е еден од епицентрите на „мировната дипломатија“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција не е само извор на стабилност во нејзиниот регион, туку и еден од епицентрите на „мирната дипломатија“.
На состанокот на парламентарната група на неговата Партија, Ергодан рече дека регионот на Блискиот Исток минува низ тежок процес на тензии и војни, како и други различни делови од светот, нагласувајќи дека Турција се обидува да придонесе за мирот и правдата надвор од нејзините граници, јави Анадолија.
„Како Турција, работиме на воспоставување клима на мир која обезбедува доверба и мир на сите страни на светот, особено на угнетените земји“, рече Ердоган, пренесува Танјуг.
Свет
Зеленски: Сѐ зависи од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина покажала подготвеност за прекин на огнот и дека сега очекува одговор од Русија.
„Сè зависи од тоа дали Русија сака примирје и мир или сака да продолжи да убива луѓе“, рече Зеленски во говорот од Киев.
Неговите изјави доаѓаат откако Киев, по преговорите со САД, се согласи на 30-дневно примирје.
„Украина јасно ја кажа својата позиција. Денес Русија мора да одговори на тоа“, додаде тој.
Претходно ,Зеленски му испрати порака на Трамп.
„Сакаме да ставиме крај на оваа војна“, рече Зеленски. „И ние сакаме американскиот претседател да го види тоа. Сакам американскиот народ да го види и почувствува тоа“.
Зеленски нагласи дека сака да го искористи евентуалното 30-дневно примирје со Русија како можност за создавање постојан мировен план.
„Многу е важно да бидеме слушнати за секој да има право да ги изразува и споделува клучните приоритетни прашања“, рече тој.
Тој додаде дека не слушнал ништо за наводната втора покана во Белата куќа за уште една средба со Доналд Трамп.
Претходно денеска, Москва соопшти дека ќе го почека извештајот од американски официјални претставници пред да го коментира предлогот за прекин на огнот. Во меѓувреме, Вашингтон потврди дека денеска ќе разговара со Москва, според медиумите во светот.
Свет
Пукање на аеродромот во Чикаго: маж добил прострелни рани

25-годишен маж е застрелан утрово пред терминалот на меѓународниот аеродром во американскиот град Чикаго по расправија меѓу неколку лица, соопшти полицијата.
Тој добил две прострелни рани во долниот дел од телото, се наведува во соопштението на полицијата во Чикаго.
Chicago, IL: One person has been wounded after a shooting at @fly2ohare outside of Terminal 2 -Lower Level. Access to the area is closed to all traffic at this time. #BreakingNews #ORD #Chicago pic.twitter.com/0rmHWu59Lf
— Captured News (@CapturedNews) March 12, 2025
Како што е наведено, тој е префрлен во болница и е во стабилна состојба, пренесува АП.
Пукањето се случило на улицата надвор од терминалот 2, а извештајот на локалната телевизија покажал скршен прозорец во близина на просторот за земање багаж.
Според агенцијата, авиокомпаниите што го користат терминалот 2 ги вклучуваат JetBlue, Air Canada и Alaska Airlines.